8 совети како да се одбраните од комарци и крлежи

27473_news_13289_iff

Тигрестите комарци напаѓаат и дене и ноќе, нашите домашни се најактивни предвечер, вечер и рано наутро. Кога комарците се најактивни, избегнувајте да седите на отворено и затворете ги прозорите.

1.Сите потенцијални резервоари на вода, како што се вода во садот под цвеќињата, детски кофи, контејнери во дворот, итн, истурете ги, а водата во детскиот базен и вазните менувајте ги!

2.Редовно користете репеленти. Намачкајте ја кожата и попрскајте ја облеката, ама знајте дека репилентите штитат само делумно.

3.Кога одите во природа, облечете се во долги ракави, долги пантолони и чорапи.

4.Вклучете ја климата. Во област каде што има често комарци, ставете мрежа на прозорот.

5.По престојот во природа прегледајте ја косата и телото. Ако видите крлеж, тргнете го со стерилна пинцета. Пребришете ја со алкохол или кратко време држете ја под оган. Крлежот немојте да го извадите, задушете со бензин или алкохол бидејќи ќе поврати, а таа содржина ќе навлезе во организмот. Крлежот фатете го најблиску до кожата и полека свртете лево и десно и повлечете.

6.Кога одите во природа носете светла облека бидејќи така крлежите полесно се приметуваат.

7.Редовно правете им контрола на домашните миленичиња.

8.Не палете светло додека е отворен прозорот.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.