Ајурведскиот третман за убавина

Широдара – млаз од масло за враќање на рамнотежата на умот и телото.

resize

Ајурведа, позната и како мајка на сите медицини, ги опфаќа сите видови на човечкиот живот – од раѓање до умирање. Развиена пред повеќе од 5000 години во Индија, станала темел на кинеска, тибетска, грчка, арапска и останата медицина, а во нејзе се верува дека го урамнотежува умот, телото и душата и има добри резултати на здравјето.

 

 

 

Според Ајурведата, универзумот е место да се создаде хармонија, а секое нејзино нарушување резултира со болест. Просторот, воздухот, огнот, водата и земјата се елементи што го сочинуваат човекот, а нивната комбинација создава три сили.

Иако оваа врста на алтернативна медицина е примарно зачувување на здравјето, Ајурведа третманите се почесто се користат за лекување на болести. Од морето кое го преплави западната цивилизација одлучивме да ви ја издвоиме Широдара, која преставува комбинација на древната медицина и модерната технологија во добитната спа комбинација.

Името на третманот настанало од два санскрит зборови: “Shiro” што значи главата и ‘dhara’ во смисла на проток, и заедно формираат еден концепт, што носи физички и емоционална рамнотежа.

ulje srednja tekst

Вашето тело за време на третманот се наоѓа во хоризонтална положба, а главата е малку навалена наназат. Балансот на умот и телото се постигнува со истурање на загреано масло на челото – на третото око кое според древното индиско верување обезбедува увид во “повисока” сфера, проследено со пријатна масажа на целото тело и потоа се завиткува во крпа за да се загрее телото. Типот на маслото се одбира според  doshi ( сила ) на пациентот, а најчесто се користи масло од сусам со примес на ѓумбур, кокосово масло и ружа.

Во удобен ориентален амбиент, со тивка музика во позадина, телото се опушта и храни со благодетите на природата, а последна станица за постигнување на потполна рамнотежа е одвиткување на крпата и сушење со крпа.

ilje tekst

Овој третман е совршен за ослободување на стресот и дозволува потоплно заздравување од секојдневните тешкотии. “Помага во враќањето на балансот на умот, го зголемува памтењето и ја зајакнува косата”, кажува Ајурведа терапевт од Индија, Mita Nathwani.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.