Анализа на влакно од коса го открива стресот

 

Hair Accesories Design WallpaperАнализа само на едно влакно од косата може да докаже присуство на хормон на стрес кој повлекува ризична болест на срцето и мозочен удар, тврди холандскиот научник.

Истражувачите на “Еразмус Медицинскиот центар”, потврдија дека со анализа на косата може да се следи присуството на хормонот кортизол во изминатите неколку месеци.

Стручното списание “Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism” пишува дека со анализа на крвта може да се открие присуството на кортизол само во моментот на земање на примерок.

Во нова студија се користени примероци на влакно од коса долго околу 3 сантиметри кои се собрани од 283 испитаници на возраст од 65-85 години.

Високото ниво на кортизол кај болест на срце и мозочен удар бил поврзан со дијабетес.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.