Антибиотик за неверни мажи

 

33439_shutterstock_78516709_iffЕдна студија која била спроведена од јапонски професори од универзитетот Veseda и Kjušu, покажува дека може постои лек за мажите, како не би подпаднале на шармот на атрактивна девојка и на тој начин да бидат заведени. Се работи за миноциклин, антибиотик од групата тетрациклини, кои се користат за лечење на акни и други кожни инфекции.

Во последно време, истражувачи кои се исто така од Јапонија, откриле кај шизофреничарите кои биле лечени со миноциклин, дека се случувале подобрувања кога биле во прашање психотични симптоми. Што не наведува до заклучок дека на менталните процеси, расположението и донесувањето на одлуки, може да влијае на евентуални инфламаторни процеси на мозокот, или пак да овој лек на некој друг начин, досега необјаснет начин, влијаае на функционалноста на човечкиот мозок.

13530_shutterstock_63647758_ifВо студија која јапонски професори ги испитувале мажите во 2 групи, едната 4 дена примала миноциклин, а другата плацебо. Потоа од испитуваните било побарано на основа на фотографија од женски лица, да проценат колку доверба би им дале на секоја од фотографираните лица и во компијутерската игра би им доделиле сума од 1300 евра. Правилата на играта, била таква да можат да ја задржат сумата, ама доколку и се додели на жената сумата ќе се зголеми тројно, потоа жената ќе одлучи дали сумата ќе ја подели со мажот од која ги добила или ќе ја задржи за себе. Сите жени претходно биле предупредени, ако им се предаде сумата да ја задржат, ама се разбира мажите тоа не го знаат.

На крајот на истражувањето, се поставило дека мажите во принцип биле склони да ја доверат сумата на жена која ја сметале за привлечна, секако дека комбинацијата, привлечна жена и пари, кај мажите предизвикувала поголема возбуда и биле спремни за ризик. Тоа важело само за мажите од контролната група, додека оние под дејство на миноциклин, жените кои ги оцениле како многу привлечни, сумата ја доверувале не толку често отколку на непривлечните жени.

На ваквата машка реакција, односно склонетоста да на привлечна жена и се поклони доверба и врдни ресурси, при што се расудува здраво во такви моменти, во повеќето случаеви мажите губат. Познато е тоа дека заводливите жени се користат кога треба да се извлече некоја битна тајна од мажот, како и делувањето на професионалните заводнички кон “жртвите” со материјална корист. Овие појави се стари колку и светот, а антибиотикот е со потенцијални опасни и несакани ефекти, секако дека не е средство кои би можело превентивно да се упореби кон заводничките.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.