БИК (21.04 – 21.05)

 

12649736113496_028920-green-jelly-icon-culture-astrology2-bullБикот е вториот зодијачки знак, припаѓа во групата на земјени знаци (Бик, Девица и Јарец), фиксен е, природен владател е на втирата куќа, со него владее Венера (планетата на љубовта и парите – богаството, заработувачката), во опозиција му се наоѓа Скорпијата. Владее со грлото, вратот, ушите,гласните жици (Биковите се познати и како најдобри пејачи и музиканти), тироидните жлезди, јазикот, устата, крајниците, долната вилица. Пасивен, тешко се помрднува, не влегува во нешто ако добивката не му е сигурна. Склон е кон богатеење и натрупување на материјалните доба. Добри економисти се, големи земјопоседници, банкари, но како што веќе споменав и големи уметници. Трпеливи се, сензуални, посесивни и њубоморни, но практични и верни. Но, мора де се напомене и дека се многу тврдоглави. Владее од 20.04-20.05 до кога и Сонцето престојува во него.

Ја преставува пролета и нејзината убавина, но симбол е и на детството. Во Египет е преставен како Аписом, свет симбол на животот и плодноста. Во грчката митологија постои со кралот Минос и боицата на Месечината, Европа.

Му припаѓа бројот 2.

Ден петок.

Драги камења: сафир, смарагд, бел, корал, албестер.

Бои: розева, светлосина, светлозелена.

Цвеќе и дрва: ружа, вербен, лилјан, лан, маслинка.

Животни: говедо, јагне, голубица, фазан, врапче, славеј, зајак, ластовица, лебед.

Познати личности родени во овој знак: Тито, Маркс, Сигмунд Фројд, Хитлер, Чајковски, руските цареви Николај 2 и Александар 2, папата Војтил.

Извадок од книгата “Астролошки буквар” од Илија Бошков – Крајнички