Близнаци (22.05 – 21.06)

gemini-art-1024x733

Близнаците се третиот зодијачки знак, припаѓа во групата на воздушни знаци ( Близнаците, Терезија и Водолија ), променлив е, природен владател е на треттата куќа, со него владее Меркур ( планрта најблиску до Сонцето ) во астрологијата познат како и гласник на Боговите. Во опозиција му се наоѓа Стрелецот. Владее со белите дробови, клучните коски, рацете, рамениците, дланката, нервниот систем. Променлив е, двојна природа, многу е љубопитен, приспособлив, владее со интелектуалната енергија. Не се постојани, знаат добро да излажат, но се симпатични, подвижни, витални и долго го задржуваат младешкиот изглед. Постојано нивниот дух е млад и свеж, ова е знак и на вечната младост. Имаат дарба за пишување и за сите видови комуникација. Како трговци се незаменливи, но парите не ги задржуваат кај себе, за нив тие преставуваат воздух, ги вдишуваат и ги издишуваат. Близнаците владеат од 21.05-21.06. Кога Сонцето престојува во нивниот знак, симбол се на вечната игра. Во грчката митологија Близнаците се преставени со херојските браќа Кастро и Полукс, кои што и по смртта сакаа да бидат зедно, ги сврзуваше големата љубов и додека живееја на земјата. Зевс им ја исполнил желбата, па така двајцата го сонуваат вечниот сон во храмот на Олимп, се менуваат во вечност, едниот преку ноќ, другиот преку ден, но никогаш не се во исто време.

На Близнаците им припаѓа бројот 3.

Ден: среда.

Боја: сина, сива и жолта.

Скапоцен камен: смарагд, топаз, кризолит, гранат, турмалин, ахатит.

Елемент жива.

Познати личности родени во овој знак се: Данте Алигиери, Рафаел, Верди, Пушкин, Томас Ман, Џон Кенеди, Мерлин Монро, Лорка, Том Круз, Круз, Крајнички.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.