Брокула – храна и лек од природата (2 дел)

Брокулата го одржува здравјето на белите дробови

Состојката во брокулата, сулфорапан, може да ги ограничи оштетувањата кои доведуваат до хронична опструктивна болест, објавиле американските научници. Тестирањата спроведени на Johns Hopkins School of Medicine покажале дека состојката во брокулата, сулфорапан, ја зголемува активноста на генот NRF2 во клетките на белите дробови и така ги штити од оштетувања предизвикани од токсините.

Истражувањата од лабораториските животни сугерираат дека намалената активност на NRF2 генот е поврзана со развој на тежок облик на емфизем, една од состојбите која ги погодува луѓето со хронична опструктивна болест.

Поранешни студии покажале дека сулфорапан, има заштитна улога во однос на оштетувањата на крвните садови до кои доаѓа поради дијабетот (шеќерна болест).

Брокулата е добра за мозокот

Повредите на мозокот ги оштетуваат споменатите протеини, а истражувањето утврдило дека брокулите го намалуваат губитокот на функциите на тие протеини.

Заштитните својства му се препишуваат на сулфурафанот, состојка која ја има во брокулите, но и во други зеленчуци од таа фамилија.

Брокулите освен тоа штитат и од рак, а младите брокули (стари само неколку дена) се уште подобра заштита бидејќи содржат 20 пати повеќе SGS (Сулфурофатен глукозинат), кој е задолжен за борбата против болест.

abeceda-prehrane-brokula-slika-272246

Брокулата има антиканцерогено дејство и е природен лек кој спречува појава на рак

Според многу клинички студии, само 100 грама брокули дневно го намалуваат ризикот од рак. Таа содржи одредени количества витамини А, Ц и Е и е значаен антиоксиданс. Брокулата може да го забави процесот на оштетување на клетките, „нагризени“ од слободните радикали, кои доведуваат до стареење и појава на разни болести вклучувајќи ги тука и малигните болести. Овој зеленчук содржи речиси двапати повеќе витамин Ц, на пример од портокалот, а го зајакнува и одбранбениот механизам на организмот.

SGS (Сулфурофатен глукозинат) кој го содржи брокулата ги убива туморите, ослободувајќи ензими во телото кои ги уништуваат клетките на туморот и го спречуваат неговото ширење, односно метастазирање во далечните органи и ткива.

Брокулата како јак антиоксиданс е на врвот на топ-листата на исхраната со зеленчук, затоа што ја спречува апоптозата (процесот на умирање на клетките) во организмот. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и можат да го поттикнат самоуништувањето на раковите клетки. Така лекарите редовното внесување брокули во организмот го сметаат за превенција на ракот на дојката.

Брокулите содржат и индоли, состојки што го забрзуваат метаболизмот на женскиот хормон естроген, кој е директно одговорен за малигните промени во структурата на клетките на дојката. Забележано е дека кај жените што внесуваат редовно брокула, а со тоа и големо количество фолна киселина, шансите да заболат од рак на грлото на матката или од рак белите дробови се помали.

Брокулата е корисна и за дијабетичарите

Брокулата им се препорачува на дијабетичарите, затоа што содржи концентрат на хром, кој има функцијата да го намалува шеќерот во крвта. Дневната потреба на организмот на дијабетичарите изнесува 25 милиграми, а само во 100 грама брокула има 22 милиграми хром. Оттука дневно секој дијабетичар треба да внесува најмалку 100 грама брокула.

Брокулата ја подобрува и работата на дигестивниот систем, бидејќи 100 грама брокула содржат најмалку 3,6 милиграми фибрични влакна, кои му се потребни на желудникот.

Брокула – антистрес зеленчук

Брокулата е најдобар антистрес зеленчук. Тој го намалува стресот, го подобрува расположението, па им се препорачува на сите лица кои се под стрес, но и на спортистите и на децата во развој, на кои им треба, во тој период на раст и развој на телото, посилна исхрана богата со витамини, минерали и соли и други корисни и неопходни нутритиенти.

Брокулата ги штити очите и го зајакнува видот

Брокулата го чува и видот. Секојдневното изложување на УВ зраци доведува до пегаста дегенерација на окото, која е една од главните причини за губењето на видот. Утврдено е дека брокулите можат да го заштитат окото од УВ зрачењето со јачина шест.

Брокулата е корисна и за време на бременоста

Особено е важно брокулата да се внесе во исхраната за време на бременоста, кога на организмот му е потребна посилна исхрана богата со витамини, минерали и соли. Брокулата е богата со калциум и со магнезиум, кои се важни за формирање на коските, забите и ноктите на фетусот. Богата е со железо, а со редовно внесување на брокулата се спречува и слабокрвноста во организмот. Таа содржи железо и фолна киселина, која е неопходна во првите 12 недели од бременоста, а содржи и спектар од Б-витамини.

brokula2450x300

Совети за подготвување на брокулата

Брокулата треба да се знае и да се приготви, бидејќи со нејзиното варење и приготвување можат да се загубат хранливите материи. Таа треба да биде мека, но не и да се распаѓа. Водата во која се варела брокулата е многу богата со хранливи состојки и може да се пие. Брокулата може да се искористи и во функција на разубавување, бидејќи содржи бетакаротен и витамин А.

Секако, брокулата може да се каде и свежа, приготвена како салата, било како сама, или во комбинација со друг вид на зеленчук. најдобро е салатата од брокула да се зачини со лимонов сок и со нерафинирани, ладно цедено маслиново масло. Антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот HER2 кој влијае на развојот на ракот на дојката, покажале резултатите од истражувањата на шпанските научници. Па затоа е одличен додаток на салатата од брокула.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.