Брокула – храна и лек од природата (1 дел)

Брокулата е зелен зеленчук и ретко е застапен во нашата македонска кујна, а преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки.

181277_10200787598188978_648455303_n

Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали. Таа го детоксицира организмот. Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување. Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни влијанија врз организмот. Брокулата го превенира настанување на многу заболувања, влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува организмот во одлична психичко – физичка кондиција.

Брокулата ги штити слузниците, посебно цревната слузница

Брокулата е одлична за заштита на слузниците, а особено е корисна за заштита на цревната слузница. Таа е лесно сварлива и богата е со растителни влакна кои ја одржуваат нормалната функција на организте за варење и ја одржува нормалната цревна флора.

Брокулата го одржува здравјето на срцето и крвните садови

Консумирањето брокула го одржува здравјето на срцето и ги прави крвните садови поеластични, со што се и подобува циркулацијата на крво во организмот. на тој начин штити од кардиоваскуларни заболувања, велат светските лекари, кои советуваат секојдневно консулирање на брокула.

Брокулата го зголемува производството на ензими кои го штитат срцето од разни оштетувања.

Познато е дека пет помали порции зеленчук дневно го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, а според резултатите од најновите истражувања, барем еден од тие оброци треба да биде со лесно сварени брокули, но брокулата може да се јаде и сирова, во вид на салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло.

Изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и овозможува да се елиминира вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин ги елиминира токсините од организмот и го растеретува срцето. Таа ја намалува и спречува слабокрвноста, бидејќи содржи железо и болна кислеина, како и витамини од групата Б.

Луѓето кои јадат брокули имаат значително пониско ниво на холестерол, кој е главна причина за развој на атеросклероза, а со тоа и за настанување на срцев и мозочен удар. Познато е дека консумацијата на брокули и слични видови зеленчук го намалува ризикот од срцев и од мозочен удар, пишува American Journal of Respiratory and Critical Care Medicine.

 

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.