Дали би сте го запалиле лицето за да изгледате помладо? (ВИДЕО)

Жените буквално се би направиле за да се подмладат, тоа покажува и новата метода “оган на лице”, а се спроведува во кинеските козметичарски салони. Ова до сега е најтопол третман за лице, а самите пресудете дали би го пробале.

Во потрага по младоста, кинеските терапефти нудат застрашувачки третман Huo Liao, така што со пламенот се стимулира регенерацијата на клетките. Козметичарите првин ставаат пешкир натопен во алкохол и специјален еликсер на делови од лицето, кои потоа ќе го запалат. Голем пламен се шири околу областа каде што е нанесен еликсерот.

Според пишуваното на “Huffington Post”, третманот Huo Liao ја стимулира кожата и ги брише брчките, а наводно на ваков начин може да се лечат многу болести, од дебелина до настинка. Во салоните тврдат дека третманот е совршено безбеден, дека внимателно го спроведуваат обучени терапефти, дека примената на еликсерот е одлична и дека кожата не се пали туку се загрева.

Ризикот од изгореници сепак постои, па жените често се одлучуваат за третман во реномиран спа центар. Стручните лица од спа центарот “Michaeljohn” напоменуваат дека кинескиот третман не инспирира доверба. “Третманот делува неверојатно и опасно, потрошувачите мораат да бидат внимателни. Ние секогаш советуваме на проверени тртмани кај угледни козметичари. Постојат толку испробани техники за подмладување така што навистина нема потреба да употребува оган на лицето за да ја победите староста”, вели Keti Nobl од центарот “Michaeljohn”.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.