Домашен педикир, да или не?

3797_stopalo_if

Негата на стапала не одзема многу време, а ни пари, затоа немојте да ги запоставите. Некој од третманите, како што се пилингот и средувањето на ноктите можете сами лесно да ги направите, меѓутоа, доколку имате курји очи, педикирот подобро препуштете го на професионалците.

Направете пилинг

Измешајте една чаша морска сол, сок од лимон, две лажички маслиново масло и неколку капки ароматично масло по желба. Пилингот направете го на стапалата со благо масирање со кружни движења. На овој начин сте ја припремиле кожата за третман.

 

Намачкајте ги со крема

Чистите и суви стапала намачкајте ги со крема, лосион или масло. Втријте го производот со благи кружни движења, а потоа намотајте ја ногата во пластична кеса околу 10-15 минути. Топлината ја зголемува апсорбацијата на хранливите состојки, ги омекнува стапалата и ја прави кожата мека.

Не чекајте да ви се појави курјо око

Курјо око се појавува кај луѓето што често стојат, носат неудобни обувки и неправилно се движат. На најоптовареното место на нозете се појавува  жуљеви, кои доколку не се остранат на време, преминуваат во курјо око. Третманот за оваа неудобност исто така е со хируршки зафат, ама педикерите тврдат дека може да се острани и во салоните, така што неговиот канал се лечел со препарати на билна база.