Др. Eberhard L. HARTMANN (Камен во жолчниот меур)

 

GallBladder-Pancreas-02

Причини

Камен во жолчката (cholelithiasis), тешката храна, готвената масна и пржена храна е главната причина за растроената функција на жолчниот меур. Камењата и песокот во жолчниот меур се натропуваат од неорганскиот калциум и други неоргански материјали, а резултатот од тоа е што организмот не може да ги прими. Сите продукти што содржат скроб, лебот и други брашнени производи, содржат големи количества неоргански калциум. Хранењето претежно со таква храна, може да доведе до образување на многу камења и песок во жолчниот меур. Тоа се должи со појава на тапа болка во горниот десен предел на стомакот, кој се протега се до левото рамено. Понекогаш каменот во жолчаката, доколку мирува со години не предизвикува болка. Маста од разградениот холестерол и калциум се собира во жолчниот меур и прави големи и мали камења. Кога камењата ќе го спречат жолчниот меур да се испразни доаѓа до болни грчеви, висока температура, треска и претерано потење. Како последица на настанатите камења може да се појави и жолтица.

Спречување и лечење

За да го спечите појавувањето на нови камења хранете се исклучително со лесна храна и овошје, избегнувајте мрсна храна, бел шеќер и млечни производи. Артичоки, шпаргли и домат ја потикнува работата на жолчката, избегнувајте да јадете краставица и јадете помали количини на оброк.

Сок од моркови, цвекло и краставици. 290 гр. морков, 90 гр. цвекло и 90 гр. краставици.

Сок од моркови и спанаќ. 290 гр. моркови и 170 гр. спанаќ.

Сок од моркови, целер и магдонос. 260 гр. моркови, 170 гр. целер и 60 гр. магдонос.

Сок од моркови, цвекло и кокосов орев. 310 гр. морков, 90 гр. цвекло и 90 гр. кокосов орев.

Во текот на 3 до 4 седмици се препорачува да се пие неколку пати на ден сок од лимон, растворен во чаша топла вода без додавање на шеќер, исто така во исто време се пијат соковите споменати погоре, што ги раствораат тие камења. Природата не го имала во предвид хируршкото остранување на жолчниот меур на човекот. Бидејќи тој е неопходен за нормално функционирање на црниот дроб.

Кога ќе имате напад на жолчката треба одма да легнете и да се напиете неколку мали голтки вода. За смирување на болките ставете на десната горна страна на стомакот шише со топла вода, држете топли блоги околу 2 часа.

Намалете ја телесната тежина доколку ви е прекумерна.

Една недела пијте на празен желудник, од прилика пола сат пред доручек, една лажица маслиново масло (ладно цедено), кој ќе ја поткрене работата на жолчката, така да малите и средни камења сами ќе излезат.

Кога да појдете на доктор?

Кога ќе имате долги напади, зголемена телесна температура и појава на жолтица. Битно е докторот да ја утврди вистинсата причина која ја предизвикала, со оглед на тоа дека нападот на жолчните камења може да предизвикаат тешки компликации, како запушување на цревата, проширен жолчен меур и слично.