ФЕНГ ШУИ симболи за добра среќа (втор дел)

 

355_1Слонот симболизира мудрост, плодност, долговечност, верност, интелегенција, среќа, сила и богатство. Тој носи спор, но стабилен прогрес. Многу е важно да му е сурлата дигната нагоре, и да гледа кон вратата или прозорецот. Односно, тој ги впива вашите шанси и ви обезбедува напредок. Во Кина слонот е симбол на сила и интелегенција.

Белиот слон го најавил раѓањето на Буда. Фигуративно кажано да јаваш слон, означува да дочекаш голема среќа во животот. Носи среќа кај оние кои планираат да зачнат поколение, ако се постави како симболика покрај брачниот кревет во спалната соба. Носи среќа на главата на семејството. Седум слонови го носат богатството на седумте династии.