ФЕНГ ШУИ симболи за добра среќа (4 дел)

ddnb-2

Ветерните ѕвона се енергизатори на позитивната енергија. Поставени на вистинското место, тие распрскуваат позитивна енергија и привлекуваат добра иднина. Бројот на сташчињата на ветерното ѕвоно има скриено значење. Оние броеви со 5 стапчиња ја одбиваат лошата среќа, или лошата енергија, додека оние со 6 или 8 стапчиња, привлекуваат добра среќа. Оние со 6 стапчиња, се користат и да го неутрализираат негативното влијание кое доаѓа од ѕвездите “жолта петка” или “црна двојка”, кои секоја година се сместени во различен сектор.

Материјалот од кои се направени ветерните ѕвончиња е исто така дискутабилно прашање. Металните ѕвончиња се најдобри за во западните, северозападните и северните сектори. Бамбусните ја подржуваат енергијата на исток, југоисток и југ. Оние направени од стакло, глина, керамика или североисточните сектори. Најважно од се ова е, ѕвончињата повремено да ѕвонат, а не само да висат. Исто е важно стапчињата да се шупливи за звукот да е волшебен.


Еве некои примери каде се можете да употребите ветрено ѕвоно, како акумулатор на позитивна енергија која привлекува добра среќа, слава, успешна кариера или пари:

EOS60D 020eПреместете ги ѕвоната кои не ѕвонат, иако се на правилно место. Нивната намена е да ѕвонат повремено.

Поставете бамбусно ветерно ѕвоно со 4, 6 или 8 бамбусни стапчиња на југоисток за да ја активирате добрата среќа и благосостојбата, а на исток за да ја активирате амбицијата или семејната хармонија.

Поставете метално ветерно ѕвоно со 6 или 8 шупливи стапчиња, дијагонално од влезната врата, за да привлечете добра среќа кон вашиот дом.

Поставете ветрено ѕвоно со 5 шупливи стапчиња под носечкиот ѕид, за да ја ублажи острата енергија која носечките ѕидови ја емитираат.

Никогаш не поставувајте ветерни ѕвона во спалната или блиску до неа. Ветерните ѕвона емитираат исклучителна јанг енергија која може лошо да влијае на сонот.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.