Како настанува ракот? (1 дел)

 

Како наједноставно да го разберете малигното заболување?

Ракот настанува кога контролниот механизам кој постои во рамките на една клетка ( механизам кој го стимулира растот на клетките и механизмот кој го следи да не дојде до неконтролиран пораст ) почнува да функционира неправилно. Значи, малигно заболување настанува кога телото нема да успее да ги препознае и уништи клетките, кои не се размножуваат нормално. Зошто?

Кај просечниот човек секојдневно се  реплицираат околу 100,000,000 клетки, ова е број кој сам по себе подразбира дека некој од нив ќе се реплицираат неправилно. Една од главните функции на имунолошкиот систем е да ги открие и да ги уништи таквите клетки, ако во тоа нема да успее, настанува рак. Тоа значи дека ракот пред се е болест на дисфункција на имунолошкиот систем.

 Cancer-Cell-Mutation

Патогенезата на ракот

Ракот е водечка причина за смрта во економските развиени земји и земјите во развој. Годишно се откриваат 10-12 милиони нови заболени од рак, а има 7-8 милиони смртни случаеви.

Стандарната стапка на појава на рак се зголемува во последните 30 години за 10-20%. Се на се, се проценува дека од тројца луѓе, еден боледува од рак во текот на својот живот ( овие статистики настанале на основа според проценка на Меѓународна агенција за истражување на рак за 2008 ). Исто така овие статистики се врз основа на стандардизиран сет на светски проценки на Меѓународната агенција за истражување на ракот за 2008.

Се проценува дека во текот на 2008 год., се откриле околу 12,7 милиони нови случаеви на рак, а 7,6 милиони умреле од рак.

Ракот на дојка кај жените и ракот на плуќата кај мажите, се најчести причини за смрт од рак во развиените земји и земјите во развој.

Главни приченители за настанување на ракот според Меѓународната агенција за истражување на ракот се:

graph_001

1.Неправилна исхрана – нездрава храна

2.Пушењето

3.Канцерогената индустрија

4.Вирусни инфекции

5.Мутации

6.Репродуктивно пореметување

7.Акохол

8.UV зрачењето од сонецто

 

Повеќе годишно развивање на карценом кај луѓето:

Иницирање                                            Прогресија

Дојка 14-18 год.                                     6-10 год.108638_0804-dojka-foto-shutterstock_f

Простата 10 год.                                   3-15 год.

Дебело црево 5-20 год.                        5-15 год.

Желудник 10-20 год.                             3-5 год.

Плуќа 5-40 год.                                      6-10 год.

Хранопроводник 5-20 год.                    3-4 год.

Грлото на матката 9-13 год.                10-20 год.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.