Кантарион (Hipericum perforatum L.)

http://www.dreamstime.com/-image15674614Кантарионот (Hipericum perforatum L.) е повеќегодишна билка со жолти цветови која расте насекаде низ ливадите и планинските падини на европскиот континент и е исто така присутна на нашето поднебје. Кантарионот содржи многубројни лековити состојки: етерични масла, јагленохидрати, белковини, пектинска и миристинска киселина, витамин Ц, танини (9-11%), смола, антоцијанини, хиперфорин и хиперицин кои му ја даваат црвената боја на неговиот сок, каротен, биофлавоноиди, холин, фитосерин и трагови од алкалоиди. Кантарионот содржи и мелатонин, хормон кој се лачи во организмот при заспивање и е потребен за одржување на сонот (на овој начин кантарионот делува против несоница и помага за опуштање на организмот и емоционална добросостојба).

Покрај жолтиот постои и т.н. црвен кантарион erythraea cetaurium, со розоникавоцрвени цветови. Црвениот кантарион не може да го замени жолтиот кантарион бидејќи неговите составни лековити компоненти се сосема различни од тие на жолтиот. Црвениот кантарион предизвикува зголемено лачење на желудочни, цревни и жолчни сокови бидејќи содржи горчливи гликозиди. Поради тоа може да се користи само за подобрување на апетитот и за подобра работа на жолчката и на црниот дроб.

Оваа медицинска билка е позната по своите антибактериски, антивирални, антипаразитни, антивоспалителни и аналгетски дејства.

При внатрешна употреба, кантарионот делува на слузокожата на желудникот и помага во секрецијата на желудочниот сок и го олеснува варењето на храната.Тој исто така помага при стомачни грчеви, надуеност, хемороиди, ги ублажува болките при гастритис и помага при санирањето на чирот на желудникот и дванаесетпалачното црево. Оваа билка се користи и за третман на заболувања на респираторниот тракт како што се бронхитис, хронична кашлица, продуктивна кашлица, астма, бубрежни заболувања и воспаленија на мочниот меур, за подобрување на функцијата на црниот дроб и жолчката и сл.

Во последната деценија кантарионот станува се повеќе популарен како средство за третман на депресија и анксиозност, а постојат и многубројни научни истражувања кои ја потврдуваат оваа употреба. Оваа билка успешно се користи за третман на благи и умерени депресии и е подеднакво ефективна како и антидепресивните лекарства, но за разлика од нив, кантарионот не предизвикува бројни секундарни ефекти како што се главоболка, дијареа, несоница, сексуална дисфункција и др.

Оваа извонредна билка помага и при опсесивно-компулсивни пореметувања, нагли промени во расположението кои се јавуваат при менопаузалната транзиција и ПМС синдромот, анксиозност, несоница, фобии и сезонски депресии, ноќно мокрење, меланхонија.

Студиите покажуваат дека кантарионот го спречува разградувањето на невротрансмитерите серотонин, допамин и норепинефрин кои се физиолошки одговорни за доброто расположение и на тој начин ги намалува симптомите на депресија. На овој ист начин делуваат и антидепресивните лекарства SSRI (селективни инхибитори за превземање на серотонинот) и MAO инхибиторите.

Кантарионот исто така го намалува нивото на стрес хормонот кортизол и ја зголемува активноста на GABA, природен транкилизатор во мозокот.

695px-Hypericum_perforatum_—_Flora_Batava_—_Volume_v7Облогите од кантарион или малото од кантарион надворешно се користи за третирање на рани, изгореници, каснувања од инсекти и слично.

Треварите ја препорачуваат кај раните кои тешко заздравуваат, бидејќи го забрзува просецот на регенерирање на кожата. Кога се користи за лечење на депресија, кантарионот не е „брз“ лек. Со него нема да постигнете моментален резултат, но дава одлични резултати. Растението му помага и на телото и на душата да закрепне, преку поставување на темелите за целосното лекување. По правило чајот се пие трипати на ден. Првите резултати ќе ги забележите после една до две седмица. Обично еден третман трае три до шест месеци. Дури и да забележите подобрување после еден до два месеца, не се препорачува да се прекине со третманот, бидејќи лекувањето нема да биде целосно.

При нормалната употреба не се забележани некои негативни ефекти, но кантарионот влијае на ефикасноста на некои други медикаменти, особено на апчињата за контрацепција, лековите против тумор или оние за третирање на ХИВ-вирусот. Затоа е неопходно да се консултирате со лекар пред да почнете со третманите со кантарион.

Исто така е познато дека кантарионот ја прави кожата осетлива на сонце, поради особено е важно да го избегнувате сонцето за време на третманите.

Жолтиот кантарион се користи при гастритис, воспаление на дебелото црево, чир и против хемороиди

Жолтиот кантарион е многугодишна билка со жолти цветови собрани на врвните делови. За терапија се користат надземниот дел на билката и цветовите. Цвета цело лето, а се бере од јуни до август. Латинскиот назив (hypericum perforatum) доаѓа од изгледот на неговите лисја, кои гледани на светлина личат како издупчени (перфоратум). Тие дупчиња се всушност негови жлезди преполни со ценетото етерско масло. Диоскорид и Гален го препорачувале како лек за лекување рани и за “прочистување на крвта”.

Најзначајни активни материи што се изолирани од жолтиот кантарион се: етерското масло, мешаните танини, хиперицинот и флавоноидите, меѓу кои и кверцитинот. Етерското масло ги смирува воспалителните процеси, го сопира развојот на микроорганизмите и ги ублажува грчевите на мазните мускули. Заради тоа се користи при гастритис (воспаление на желудник), колит (воспаление на дебело црево), чир и болки во стомакот. При клинички испитувања забележано е намалување на болките кај повеќе од 90 отсто од испитаниците што страдале од хронично воспаление на желудникот и на дванаесетпрсното црево, а биле лекувани со препарати што содржат жолт кантарион. По терапијата е направена гастроскопија и е утврдено дека исчезнале ерозивните промени и крвавења од желудочната слузница. Треба да се нагласи дека препаратите освен жолт кантарион содржеле и нане.

Кверцитинот од жолтиот кантарион има антиканцерогено дејство. Екстрактите (изолирани активни материи од жолтиот кантарион) се многу поефикасни од чајот кога се употребуваат против бактериите – стафилококи, шигели и ешерихија коли. Екстрактите од жолт кантарион се додаваат во разни козметички препарати како средство за освежување на кожата. Забележани се успеси при употреба на жолтиот кантарион за лекување на кожното заболување витилиго и тоа со паралелна употреба на препарати за пиење и на препарати за локално премачкување.

Лек и против хемороиди

Екстрактите од жолтиот кантарион се делотворни при заболувања на вените и капиларите, пред се, поради содржината на рутин, кој ги тонизира вените и капиларите и ги штити од прскање. Затоа се употребува како превентива од крвавење од проширените вени во пределот на анусот т.н. хемороиди. И танините од жолтиот кантарион дејствуваат стегливо бидејќи се спојуваат со протеините од слузниците, при што се намалува патолошката секреција на ткивото и се залечуваат раните. Поради антивоспалителното и антимикробното дејство препаратите од жолт кантарион се користат и при воспалени хемороиди или како превенција од воспалување на хемороидите.

СО КАНТАРИОН ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈАТА

Кантарионот е најпознат лек против депресија. Неговите блескаво жолти цветови симболично ја претставуваат моќта на сонцето да ги избрка темните сили. Нивното антидепресивно дејство особено се цени и во конвенционалната медицина. Кантарионот веќе стотици години наназад се користи орално за третирање на состојби на депресија, потиштеност, анксиозност, како и болка во желудник.

Досегашните клинички испитувања покажаа дека оваа билка е мошне успешна во лекувањето полесни видови депресија бидејќи хиперицинот дејствува еуфорично (психотропно).

 6069100056_7e79c35e07

 

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.