Колоидна сребрена вода

iStock_000001057967XSmallКолоидната сребрена вода е добиена со електролиза на чисто 99.99% сребро во чиста дестилирана и деминерализирана вода. Се работи за јони  и колоиди на сребро. Му користи на организмот  во превенција и лечење на инфективни болести, како и за јакнење и подобрување на организмот, повеќе од било кој друг познат препарат.

Делува како катализатор-блокира одредени ензими кои бактериите, вирусите и габичките го користат во својот метаболизам.

Во контакт со среброто овие причинители на болести брзо остануваат без кислород и храна и се распаѓаат. Тие се отстрануваат од организмот со имунолошкиот систем, лимфниот систем и органите за излачување. Овај процес е толку брз и ефективен што ниеден микроорганизам  не може да мутира и стекне резистентност на сребрените јони, освен неколку и тоа оние кои му се потребни на организмот да ја разложат храната во основни материи. Честичките од сребро се многу мали и не прават никаква штета врз нашите ќелии, за разлика од другите антибиотици, па затоа е препорачливо за мали деца па и за трудници.

Најновите светски истражувања докажуваат дека среброто е вистинско чудо кое може да уништи повеќе од 650 видови на микроорганизми, за разлика од другите антибиотици кои уништуваат одвај по неколку видови, правејки при тоа голема штета врз човечките ќелии. Потврдени се регенеративните својства на џигерот, коските, меките ткива, кожата, косата па дури и на мозокот( иако досега се сметаше  дека тоа не е можно), потврдено е и јакнење на имунолошкиот систем, а со тоа се зголемува расположението, силата и виталноста.

silver1Како минерал среброто треба да се внесе преку исхраната. Го има во морската КРУПНА, а не ситна СОЛ, како и во растенијата, меѓутоа поради испостеноста на почвата како и употребата на вештачките ѓубрива во растенијата недостасуваат битни метали и минерали како што се јодот, среброто, златото,цинкот, платината, индиумот, германиумот, бакарот и др. Затоа нашиот одбранбен систем е многу намален и резултира со енормно ширење на болести . Сребрената вода било главно средство за лечење во официјалната медицина, меѓутоа со воведувањето на новите методи на Пастер овој лек се повлекува од пазарот на кој се продавал по висока цена. Во 1983 Министерството на здравје на САД го призна како лек и дозволи да се продава без рецепти, со што се потврдува фактот дека не постои никаква штета од него.

 

ШТО Е КОЛОИДНО СРЕБРО ?

     Тоа е дестилирана, де минерализирана вода во која со помош на електролиза се раствора чисто 99.99% сребро и тоа 0.001 микрон во пречник и концентрација од 5 мм. што значи на милион честички вода има 5 честички сребрени јони. На јоните не делува гравитација, па тоа не се таложи на дното. Лесно се раствора во организмот, за разлика од другите антибиотици кои се во форма на кристали и мора да се разложат, па така  уништуваат и дел од цревната флора. Среброто оди директно во крвта пред да стигне во бубрезите, па го нема ова несакано дејство. Во растворот на сребрената вода не можат да опстанат повеќе од неколку минути ни најотпорните микроорганизми па затоа и НАСА го користи за разни нешта во своите космички летала..

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.