Кучињата го чуваат срцето вели Др. Барбара Џорџ

DOG-03-RK0480-01P

Овој четириножен пријател може да ви биде повеќе отколку само домашно милениче. Всушност, новото истражување на Американски научници откриваат дека кучињата го чуваат срцето.

“Кучето навистина може да биде најдобар пријател на човекот”, вели д-р Барбара Џорџ.

Истражувањето пакажало дека луѓето кои имаат домашни миленичиња, особено куче, имаат низок крвен притисок, подобро расположение, низок холестерол и стрес.

Членовите на Американската организација за здраво срце (American Heart Association )  ги проучувале податоците од претходните студии за влијанието на домашни миленици врз здравјето.

Тие откриле дека кучињата ефикасно го намалуваат присуството на ризик фактори поврзани со срцеви заболувања, вклучувајќи и висок крвен притисок, висок холестерол и дебелината.

Луѓето кои имаат куче почесто вежбаат бидејќи се принудени да го прошетаат кучето. Во истражувањето кои биле анкетирани повеќе од 5200 возрасни откриле дека луѓето кои имаат кучиња често шетаат за разлика од луѓето кои немаат кучиња, во просек 54% помалку се движат.

Домашните миленици одлично влијаат и на психичкото здравје. Докажано е дека го намалува ризикот на стрес и го подобрува расположението.

Што се однесува до кучињата, тие несвесно ги потикнуваат луѓето на социјализација и се покажало дека социјализацијата значително го намалува ризикот од депресија.

dog-doctor

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.