Купки од коприва

 

KoprivaКоприва

Треба да ја подигнеме свеста за копривата и да почнеме да го цениме ова растение. Иако сите ние имаме слушнато дека копривата е здрава, но не знам колку од нас поверувале во тоа како она всушност може да лекова повеќе болести.

Копривата е една од најкорисните билки. Кога луѓето би сфатиле колку оваа билка е лековита тогаш би почнале да садат само коприва. Сите делови од копривата се лековити, стеблата, листовите, коренот и цветот. Во древните времиња копривата била многу ценета.

Госпоѓа од 50 години која имала толку тенка коса што дури морала да носи перика и било препорачано да ја мие косата со посебен состав од чај од коприва и концентриран корен од коприва. Така коста секој ден постанувала се погуста и госпоѓата конечно се ослободила од носењето на перика.

Друга госпоѓа има пишувано за тоа како и помогнал чајот од коприва. Вели:  ”Не само што се ослободив од хроничниот замор, туку ми исчезнаа плускавците и габите на нозете”. Ова е потврда дека билките навистина многу помагаат, само треба да им се обратиме на нив!

urticaКупка од коприва

Ставете 1 чаша коприва во голем лонец и прелијет со топла вода . Покријте и оставете да делува 10-15 минути, а потоа процедете и додајте ја во кадата со топла вода. Водата во кадата треба да биде пријатно топла, но никако премногу жешка. Уживајте 20 минути во кадата. Потоа немојте да се туширате – само нежно избришете се со крпа. Бидете на топло барем уште 1 час.

Купка за нозе

Земете 1 полна рака корени од коприва и 2 полни раце листови и стебла од коприва и натопете во 5 литри ладна вода, оставете ги така преку текот на ноќта. Следниот ден треба да се вари и оставете да се излади. Оваа течност можете да ја искористите 2 пати како купка за нозе.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.