Ленено семе ( 10 драгоцени рецепти )

eko-laneno-seme-1-1500324_1024x768
Лененото семе е еден од најбогатите извори на масни киселини кои ја разредуваат крвта и го намалуваат ризикот од формирање на тромбови.
Во народната медицина се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и цревата. За проблеми со варењето треба да земата по две лажици дневно.
Употреба: Лененото семе треба да го употребувате сомелено бидејќи на тој начин можете да ги искористите неговите лековити својства. Можете да го додадете во салати, житни снегулки, мусли, колачи, леб или пецива.
Ленено семе штити од рак, инфаркт, ја обновува цревната флора…Ленено семе е еден од најголемите извори на природни целулоза и незаситени масни киселини омега-3, омега-6 и омега-9, и содржи 27 различни анти-канцер состојки.

10 драгоцени рецети

За зајакнување на организмот

Дневно земајте 2 лажици смелено ленено семе, помешајте го со овошен сок, јогурт, бело кафе, супа или чорба. Семето треба да биде свежо смелено!

Против болести на срцето

Измешајте 3 лажици леноно масло со 6 лажици младо немасно сирење и изматете го тоа со миксер 1 минута. Доколку смесата е прегуста додадете 2 лажици млеко. Јадете го тоа секое утро на празен стомак.

За намалување на холестеролот

Измешајте по 100 гр. смелено ленено семе, сусам и сончоглед и 100 гр. кокосово и крупно мелено пченкарно брашно, ставете го во чиста тегла. Секое утро 30 денас, на празен стомак земајте по 2 лажици од оваа мешавина и промешајте ги во јогурт. Сигурно ќе го намалите нивото на холестеролот во крвта.

Против рак

Смелете 2 лажици ленено семе и додајте пола шоља или една шоља свежоо избледирано овошје. Најдобро е да користите боровница, малини или јагоди, бидејќи содржат елагична киселина, супстанца која е незаменлива во борбата против ракот, ама наместо нив може да ви послужат и цреши, јаболки, праски, ананас, банани, помаранџи, рибизли и грозје. Доколку смесата е премногу густа, додадете свежо цеден сок или млеко.

2 рецепти против запек

Секое утро на празен желудник, изедете 1 лажица сурово семе. Џвакајте го што подолго. Потопете 1 лажица ленено семе во шоља со млака вода, оставете да остои 6 сати, водата истурете ја, а семето изедете го пред спиење.

За болести на желудникот

1 лажица од корен од гавез измешајте со 1 лажица ленено семе, потоа ставете 2 dl ладен чај од камилица. Привремено измешајте го чајот со дрвена лажица, а по 2 часа процедете го и пијте го незасладен, пола сат пред јадење, 2 до 3 пати на ден.

Слуз од ленено семе е најздраво

Семето од лен потопено во вода настанува слуз, а во слузот се наоѓаат сите негови лековити својства. Слузот на заболен желудник прави непрекинат така наречен фил, го покрива, го обложува, штити и ги ублажува воспаленијата.

Регулатор на притисокот

Семето содржи и растворливи и нерастволиви билни влакна и тоа повеќе од повеќето житарици. Единствен е и по тоа што содржи  тагландин, супстанца која го регулира крвниот притисок и функцијата на артериите, тоа игра важна улога во метаболизмот за калциумот и настанување на енергија.