Марихуаната го спречува појавувањето на дијабетис?

Луѓето кои секојдневно конзумираат марихуана, имаат помал ризик од појава на дијабетис, откриваат научниците.

Научниците во истражување, кое е објавено во списанието “The American Journal of Medicine”, откриваат дека луѓето кои редовно конзумираат марихуана, имаат за 16% помал ризик за инсулин во телото, за разлика од луѓето кои никогаш не конзумирале марихуана.

Исто така откриле дека луѓето кои конзумираат марихуана имаат помал процент на масти во стомачната област.

Марихуаната во некои држави се користи во медицината, особено кај луѓето кои патат од рак, мултиплекс склероза и други болни ситуации.

marihuana-salud

Во истражувањето учествувале 4657 луѓе кои исполниле анкета со прашања за конзумирањето на марихуаната. 579 марихуаната ја конзумирале секојдневно, 1957 марихуаната ја конзумирале еднаш во животот, а 2103 марихуаната не ја конзумирале никогаш.

Тип 2 дијабетес се развива кога телото не произведува доволно инсулин за одржување на нормален крвен шеќер во крвта, или кога инсулинот што го произведува телото, не го произведува правилно, што предизвикува инсулинска резистенција.

Дијабетес тип 2 е многу почест отколку тип 1 дијабетес, кој се јавува кога телото не произведува инсулин воопшто.

Истражувачите на учесниците по 9 часа го мереле нивото на процентот на инсулин и шеќер во крфта. Тие што користеле марихуана имале 16% помало ниво на инсулин во телото, што е показател на помал ризик од развивање на дијабетес тип 2.

“Мерењето на процентот на инсулин помага во откривањето на висината на ризикот од настанување на дијабетис тип 2”, вели водечкиот истражувач професорот Murray A. Mittleman.

Иако истражувањето треба да продолжи, истражувачите истакнуваат дека можеби можат да развиат лек од активните соединенија на канабис познат како ТХЦ.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.