Медитација (2 дел)

lotus-meditation-fantastique-arbre-pictures-images-and-136693

Некои основни техники

За еден почетник е најдобро да почне со концентарција. Затоа што во моментот кога ќе се обидете да го смирите и испразните вашиот ум, милиони непосакувани мисли ќе влезат во вас и нема да можете да медитирате ниту една секунда. Ако се концентрирате, тогаш ги заплашувате погршните мисли што се обидуваат да влезат во вас. Затоа, во почетокот само вежбајте концентрација неколку минути. Потоа, по неколку недели или месеци, можете да се обидете да медитирате.

office-group-meditation

Едноставност, искреност и чистота.

Има неколку важби на медитација што еден почетник може да ги испроба. За трагачот кој сака да влезе во духовниот живот, едноставноста, искреноста, чистотата и сигурноста се од огромна важност. Едноставноста ви подарува мир во умот. Со искреноста чувствувате дека сте од Бог и дека Бог е постојано со вас. Со вашето чисто срце чувствувате дека во секој момент Бог расте , блеска и се исполнува себеси во вас. Со сигурноста чувствувате дека медитацијата е апсолутно вистинска работа.

Во тишина нежно, седум пати повторете го зборот “едноставност” внатре во вашиот ум и концентрирајте се на темето на главата. Потоа седум пати повторете го зборот “искреност” тивко и душевно внатре во вашето срце и концентрирајте се на вашето срце. Потоа нежно, седум пати повторете го зборот “чистота” внатре или околу вашиот папочен центар и концентрирајте се на него. Ве молам, сторете го сето тоа тивко и најдушевно. Потоа насочете го вашето внимание на третото око кое се наоѓа меѓу очите и малку над веѓите и седум пати тивко повторете “сигурност”. Потоа поставете ја дланката на вашето срце и три пати изговорете: “Јас сум едноставен. Јас сум едноставен. Јас сум едноставен”. Потоа поставете ја дланката на ваето срце и три пати исговорете:   “Јас сум искрен.  Јас сум искрен. Јас сум искрен”. Потоа поставете ја дланката на папочниот центар повторувајќи: “Јас сум чист” и на третото око повторувајќи: “Јас сум сигурен”.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.