Месечен хороскоп за месец мај

Oven

ОВЕН (21.03 – 20.04)

Деловен живот: Овој месец најмногу ќе ви одговара работа која овозможува динамика и слободно движење. На некој ќе им се прикаже извонредна можност за заработка, па ако имате интерес зграпчете ја секоја укажана прилика. Ако се впуштате кон значајна деловна активност, дали е тоа за вработување или започнување на сопствен бизнис, среќата ќе биде на ваша страна. Можено е да ви пристигнат задоцнети трошкови, може за некоја добра продажба, купување на недвижен имот или автомобил.

Љубовен живот: Оние кои немаат партнер, ќе уживаат во екстремна популарност во друштвото. Во возбудливи друштвени збиднувања ке се снаоѓате како риба во вода и ќе сретнете многу интересно познанство. Можно е да влезете во врска со особа која ќе ве воодушеви со интелегенцијата и со смислата за хумор. Послем 19-ти излегувањата и забавата со пријателите ќе ве интересираат повеќе од флертувањето и стапување во врска, ама сакале или не и понатаму ќе останете привлечни кон спротивниот пол. Нечија упорност може да ви го промени мислењето. Тие што се во врска ќе имаат многу причини за задоволство. Заљубена особа постојано ќе ви покажува колку ве сака, а планирањето на зеднички живот или веридба ќе биде логично продолжување на врската. Партнерот ќе ви биде најдобар пријател, а зедничките излегувања ќе ви останат уште долго во сеќавање.

Здравје: Прекумерно уживање на храна нема добро да се одрази на вашиот желудник. Избегнувајте го белиот леб и колачите.

Bik

БИК (21.04 – 21.05)

Деловен живот: Порастот на енергијата и ентузијазмот нема да ви дозволи да се задоволите со половично деловно и финансиско решавање. Забрзано ќе тргнете напред и притоа ќе бидете спремни на ризик, а изразениот натпреварувачки дух ќе ве тера да бидете најдобри. Планетите овој месец ќе бидат на ваша страна, па така да многумин од страна ќе ги приметуваат вашите вредности и потенцијали.Конечно ќе заблескате во полн сјај, околината тоа ќе го препознае. Ќе имате среќна рака, па играјте игри на среќа.

Љубовен живот: Зафатените ќе имаат хармоничен однос со својата сакана особа, а повеќето парови повеќе ќе се залагаат за сопствената иднина. Повеќето ќе се ангажираат за зеднички живот, ќе сакаат да купат стан или автомобил. Притоа многу важна улога ќе одигра вашата потреба за сигурност, како на материјално така и на емотивно поле. Осамените ќе “паѓаат” на шармантни, богати и успешни личности, а едно познанство може да се покаже како фатално. Почетокот на месецот е најповолен за започнување на нови љубовни приказни, а особено среќа ќе имате кон средината на мај, кога ќе го запознаете вистинското значење за вљубувањето на прв поглед. После 20-ти тешко ќе воспоставувате контакти со спротивниот пол, тоа ќе ви отежне да започнете врска.

Здравје: Позитивниот поглед кон животот ќе биде најдобра заштита од болести. Искористете го овој месец за работа на себе и за одвикнување на пороци кои ви го загрозуваат животот.

Bliznaci

БЛИЗНАЦИ (22.05 – 21.06)

Деловен живот: Нема да бидете со полна енергија, а расеаноста и ниската концетрација ќе ви пречи во извршувањето на обврските, со шарм и широка насмевка ќе се обидете да се извлечете од незгодни ситуации. Околината ќе ви биде наклонета, затоа ова е право време да поработите на подобрување на односот со шефот и со сите личности од која ќе ви притреба помош. На средината на месецот отргнете се од матните и недовршени работи бидејќи постои опасност од материјална загуба.

Љубовен живот: Во почетокот на месецот нема да бидете заинтересирани за нова врска, ама една авантура може да прерасне во нешто сериозно. После 10-ти мај ќе имате богат друштвен живот и со нетрпение ќе ги очекувате новите и возбудливи љубовни мубети. Љубовта ќе биде ваш главен двигател без кој ќе се чуствувате празно. Постојано ќе навлегувате од врска во врска и секој пат одново ќе се заљубите. Во овој период ќе се исполнат сите ваши љубовни очекувања. Близнаците кои се во врска самосвесни и зрели ќе гледаат на партнерот и својте емотивни односи. Со својата сакана особа ќе го поминувате секој момент и весели ќе ја планирате својата иднина. После 17-ти можно е врската да ви поминува преку катарза. Саканата особа ќе ја вклучите во својот живот и ќе ги поделите своите грижи и стравови, тоа само ќе ја зајакне вашата веска.

Здравје: Редовното вежбање и поголемата физичка активност ќе ви помогне да се чувствувате подобро во својата кожа.

Rak

РАК (22.06 – 22.07)

Деловен живот: Реномиран познаник ќе ви помогне да ги реализирате својте планови и амбиции, па така со негова подршка ќе добиете ангажман на посакуван проект или разговор за подобро платена работа. Потрудете се да оставите што подобар впечаток за да не ја изгубите довербата кај таа личност. Во втората половина на месецот посфетете се на работата, но подалеку од очите на јавноста. Понекогаш ќе се чувствувате обесхрабрено и уморно, ама во тешките моменти ќе ве извлече вашата упорност и посветеноста кон работата.

Љубовен живот: Првиот дел од месецот ќе биде поволен за држење со партнерот. Заедничките излегувања ќе допринесат за одново зближување. После 11-ти емотивниот живот нема премногу да ве исполнува. Често ќе се чувствувате осамени и неразбрани, дури и ако сте во постојана врска. На партнерот константно нешто ќе му приговарате, а некој можат да најдат утеха на друго рамо. Пред да се впуштите во неверство, добро размислете на последиците кој доаѓаат со тоа. Забранетата врска ќе ви донесе минливо задоволство, ама и на крајот нема да бидете премногу срќни. Првата половина на месецот ви ветува возбудливи љубовни моменти, а многумина ќе започнат врска со познаник или со долгогодишен пријател. После 12-ти ќе бидете малку несигурни во себе и во своите квалитети, па затоа тешко ќе ви се одвива љубовното освојување. Не очајувајте, бидејќи со суптилно заведување и малку таинствен пристап, ќе стекнете повеќе обожаватели отколку некој кој е премногу отворен и директен. Избегнувајте да започнувате врска со зафатени личности.

Здравје: Иако на вас јогата ви се гледа како досадна, нејзиното релаксирачко делување се покажува како сјајно за одржување на психофизичката рамнотежа.

Lav

ЛАВ (23.07 – 22.08)

Деловен живот: Вашата работа ќе биде под лупа на јавноста, па затоа гршките нема да ви бидат толерирани. Бидете внимателни, во прилика кога ќе донесете одлука, а за секоја дилема посоветувајте се со стручно лице. Доколку добро ги изиграте картите, назначените ќе ги препознаат вашите квалитети и ќе ве имаат во предвид за некоја одговорна позиција. При крајот на месецот ситуацијата ќе се движи во ваша корист, а успехот ќе го донесете со помош на значајни пријатели и познаници.

Љубовен живот: Првата половина ќе биде одбележана со несериозни и краткотрајни врски, ама после 10-ти почнува периодот на љубовната среќа. Еден пријателски однос, одеднаш ќе го видите во ново светло, станувајќи свесни за длабоките емоции кои сте ги прикривале подолго време. Во втората половина на месецот, слободното време ќе го поминувате на најразлични друштвени случувања и толку добро ќе се забавувате што никој нема да ви биде потрбен. Ако некој ви се обиде да ви се приблие, дајте му прилика. Зафатените лавови често ќе се караат со саканата личност, ама по караниците ќе следува страствено помирување. Партнерот најмногу ќе ви замерува за честата отсутност и замнемареност на брачните обврски. Во втората половина на месецот ќе уживате во наклонетоста на својот партнер, а повеќето парови врската ќе ја стават на повисоко ниво.

Здравје: Благиот замор кој ќе го чувствувате може да биде последица од стрес или вознемиреност. Обидете се да се опуштите со занимавање на некое хоби.

Devica

ДЕВИЦА (23.08 – 22.09)

Деловен живот: Ќе ви одговараат работи поврзани со економија, новинарство и туризам, а контакт со странство ќе ви овозможи да остварите финансиски успех. Размислете за промена на работното место или околина. Да не ви биде страв бидејќи вас ве прати поволна околност, а особено ако се одлучите за договор со колегите или пријателите. Позитивно време е и за модернизација на работата и стекнување на нови познанства.

Љубовен живот: Во текот на првата половина на месецот, вашиот љубовен живот ќе биде одбележан со хармонија и разбирања. Односот со саканата личност ќе ви биде интимен и стабилен, а повеќето парови ќе планираат веридба или нов член во семјството. Во втората половина, љубовните врски ќе поминуваат покрај почести кризи, за кои вие ќе сносите најголема одговорност. Честото променување на расположението ќе го излудува партнерот, кој поради вашите испади нормално може да ви предложи привремено раздвојување или дури пак прекин на врската. Бидејќи и самите нема да бидете сигурни во своите чувства, нема ни да се потрудите за да ја спасите врската. Немојте да се противите на сопствените чувства и пратет го вашето срце. Посл 12-ти ќе ви биде тешко на другите да ги откриете своите вистински чувства, ќе оставате впечаток како ладнокрвна и рамнодушна личност, меѓутоа тоа ќе биде далеку од вистината. Потенцијалните додворувачи нема да се осудат да ви пријадат, иако ќе бидете многу привлечни.

Здравје: Блиските ќе ви замерат за нервозата и раздразливост. Секој ден одвојувајте некое време за самите себе и за своите потреби.

Vaga

ВАГА (23.09 -22.10)

Деловен живот: Нагласената интуиција и доброто проценување на ситуацијата, ќе ви биде ваш најголем адут. Ќе се истакнете во работа која бара голема концетрација, фокусираност и спремност на ризик, па така да банкарите, брокерите и сите на висока функција ќе остварат успех во секој бизнис проект. Поволен период за повисока продажна операција и инвестирање во бизнис или нова опрема. Кон крајот на месецот ќе имате соработка со странски партнер и ќе остварите нови работни врски, кои ќе бидат долгорочно исплатливи.

Љубовен живот: Како деновите ќе поминуваат, вашиот емотивен живот ќе постане се посодржан и поквалитетен. Повеќето конечно ќе се ослободат од скриените сопирачки и стравови кои ги инхибираат. Барате сродна душа, немојте да одбиете повик за патување, забава или излегување. Одете на спортски настани, посетувајте концерти и изложби, бидејќи всушност на такви места ќе запознаете некој, кој во вашето присуство срцето ќе му работи побрзо. Може да се закачите за особа која често патува или живее во друг гард. Љубовните парови имаат разбирање за преголемата зафатеност. Ако имате можност планирајте патување. Заедничкиот викен во друг град ќе ви помогне да ја разбудите романтиката.

Здравје: Психичката напнатост ќе остави трага на вашето здравје. Главоболка, несоница и болките во желудникот ќе бидат некои од симптомите на нервозата.

Shkorpija

ШКОРПИЈА (23.10 -22.11)

Деловен живот: Преполниот работен распоред, преголемата работа може да се одразат на вашата психофизичка стабилност. Не се “истурајте” на блиските кога ќе дојдете дома уморни. Би било добро да избегнувате, стапување во работа со партнерство, особено со луѓе во кои немате доверба, бидејќи можен е конфликт со јавноста и околината. Актуелната постапка и процес кои некое време се на чекање, крајниот исход нема да ви оди во ваша корист.

Љубовен живот: Ќе избегнувате бучни и преполни места, а предност ќе дадете на интимни дружби со бликите пријатели. Поради стравот од разочарување тешко ќе се искажувате, а своите сомневања и стравови ќе ги делите само со одбрани. Ако бидете толку сомнителни спрема други луѓе, ќе прокоцкате прилика за да остварите ново познанство. Имајте на ум, дека нема секој скрени мотиви, кој ќе ви пријде. Ако сте во долга врска, почесто ќе ги испитувате чувствата и ќе размислувате за смислата на вашата врска. Проблемот ќе биде во вас и вашиот страв од приврзување, затоа воздржете се од непромислените постапки, а посебно во првиот дел од месецот кога ќе бидете кавгаџии и нервозни. Подршката на саканата особа, сигурноста која ви ја дава со нејзината љубов, сепак ќе ви помогне да донесете вистинска одлука.

Здравје: Се чувствувате незадоволно со својот изглед. Немојте да гладувате, туку добрата линија настојувајте да ја добиете со редовно вежбање.

Strelec

СТРЕЛЕЦ (23.11 -21.12)

Деловен живот: Често ќе навлегувате во кофликт со колегите. Наместо да се нервирате, проблематичните ситуации сфатете ги како предизвик за подобрување на постоечките односи. Ќе наидете на бројни препреки и одложувања, тоа ќе ве чини многу нерви, па ќе треба да поработите на стрпливоста. Немојте да се отргнете од нешто што нема да ви успее, бидејќи во овој период за секој успех ќе морате да се потрудите.

Љубовен живот: На почетокот на месецот можен е флерт со колега. Внимавајте вашата врска да не стане главна тема на канцелариските трачеви. После 14-ти нема добро да се снаоѓате во нови друштва. Ќе се сомневате во новите познанства, тоа значи дека уште на самиот почетокот, ќе ви ја отежне комуникацијата. Зафатените во првиот дел на месецот ќе го запостават партнерот поради работа, што ќе се одрази на чести караници и препукувања. Во втората половина ќе сметате дека има личност која претставува закана на вашиот брак, односно верноста на вашиот партнер. Однесувањето на саканата личност нема да ви дава повод за сомневање, затоа немојте да започнувате караница без силни аргументи.

Здравје: Редовно правете систематски преглед и обидте се да се решите од штетните навики.

Jarec

ЈАРЕЦ (22.01 – 20.01)

Деловен живот: По напорниот април, конечно работната ситуација се подобрува, што значи подобрување на воспаставените односи со колегите. Добрата работна атмосфера ќе има позитивно влијание на вашата мотивација, па така лесно ќе ги вршите своите задачи и често ќе се советувате со останатите соработници. Ако се занимавате со креативна работа или во некоја област на уметноста, ви расте популарноста и ќе имате сигурна подршка од јавноста и можен е интерес на спонзори.

Љубовен живот: Јарците кои се во брак ќе размислуваат како никогаш до сега за проширување на семејството. Доколку плановите не ви се остварат, немојте да очајувате, може следниот пат ќе имате повеќе среќа. Потребите на блиските ќе ги ставате пред сопствените, во втората половина на месецот. Ќе бидете загрижени за туѓите грижи, а можеби и ќе се жртвувате за некој кој ви е битен. Осамените ќе имаат интересен друштвен живот исполнет со многу нови пријателски односи и љубовни врски. Многумина од вас може да го почувствуваат, значењето на љубов на прв поглед. Нема да бидете спремни да се посфетите само на една особа, па затоа цело време ќе влегувате од врска во врска, оставајќи позади себе масакар на скршени срца. Избегнувајте впуштање во авантура со шефот или колега, бидејќи канцелариските трачеви можат сериозно да ви ја нарушат вашата репутиција.

Здравје: Повеќето ќе започнат со откажување на цигари или да започнат диета, ама прашањето е колку ќе бидат упорни.

Vodolija

ВОДОЛИЈА (21.01 – 19.02)

Деловен живот: Падот на енегијата и мотивацијата ќе бидат главни виновници што нема да заблескате во полн сјај. Зголемените обврски ќе бараат хитна реакција, со која нема добро да се снајдете. Обратете се кај соработниците на кои им верувате. Доколку се занимавате со туризам или работите со некретнина, бидете претпазливи во започнувањето на нова соработка. После 20-ти ќе почувствувате одеднаш енергија и ентузијазам, а креативните и оригиналните решенија ќе ви помогнат да се истакнете над останатите колеги.

Љубовен живот: Почетокот на мај на осамените им носи многу недоразбирања во односот со спротивниот пол, а неразбирливата коминикација може во многу ситуации да биде препрека за остварување на врска. Сепак околностите се променуваат после 12-ти. Аспектите на планетите ви носат нова фатална средба, па доколку не сте заљубени, големи се шансите за да се заљубите. Излегувајте што повеќе и дружете се, бидејќи на останатите ќе им бидете интересни, а особено среќно време за љубов ќе ви биде втората половина на месецот. Почетокот на мај ќе биде критичен за многу врски. Со партнерот во ништо нема да се согласувате, а во некој ситуации вашите караници може да ве доведат и до прекин на врката. Ситуацијата се подобрува во втората половина на месецот, кога ќе уживате во хармоничната комуникација и односот со партнерот. Доколку сте имале во минатото некакви спорови, сега е време да ги решите.

Здравје: Имате проблем со вишокот на килограми, заборавете на инстант-диети и свртете се кон спортот.

Ribi

РИБИ (20.02 – 20.03)

Деловен живот: Доколку се занимавате со работа поврзана со некретинина и економија, мора де бидете внимателни при договарање на работа. Случаен пропуст може скапо да ве кошта, затоа не се двоумете побарајте помош од стручни лица. Повеќето од вас, интензивно ќе размислува за започнување на сопствен бизнис, ама плановите може да ви се потрошат. Ако дојде до тоа, важно е да бидете упорни. Ништо квалитетно неможе да се направи преку ноќ.

Љубовен живот: На осамените почетокот на мај ќе им биде возбудлив и незаборавен. Привлечни и шармантни, ќе плените со поглед кон спротивниот пол, а неочекувано познанство брзо ќе се развие во љубовна врска. Несредени семејни односи ќе бидат причина за многу ваши фрустрации во втората половина на месецот. Кога конечно ќе сретнете некој кој многу ќе ви значи, вашето семејство нема да биде задоволно. Немојте да дозволите туѓото мислење да влијае на вашиот живот. Престанете секогаш другите да ги ставате на прво место и почнете малку да мислите на себе. Ако имате партнер, ќе ја цените сигурноста и заштитата која вас ви ја дава, иако нема да престанете да барате доказ за вашата љубов. Немојте во тоа да претерувате, бидејќи секој облик на посесивност преставува непотребен товар на саканата особа.

Здравје: Неактивниот живот ке ви донесе болки во грбот и вратот. Повеќе движете се.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.