Највкусна каша за бебе: Швајцарски појадок

36014_svajcarski dorucak foto shutterstock_iff

Потребно е

2 лажици овесни снегулки, ½ шоља вода, 12 зрна суво грозје, пола јаболко, пола банана, пола круша, ½ чаша јогурт, сок од  ½ лимон, неколку лешници или бадеми, сезонско овошје,  ½ лажици шеќер во зависност од киселоста на овошје.

Подготовка

Навечер ставете ги овесните снегулки и сувото грозјето да остојат во вода. Утрото додадете го ситно исецканото јаболко, банана, круша, ½ чаша јогурт, сок од лимон, смелен лешник или бадем. Потоа се додаваат јагодите, праските, кајсиите или друго сезонско овошје. Така да во зависност од годишното време ќе се менува овошјето, но основата мора да биде иста од јогурт, овесни снегулки, бадеми.

Може да се даде на дете над 1 година.

Voćna kašica sa žitaricama