Неделен хороскоп од 21 до 28 Април

Oven

ОВЕН (21.03 – 20.04)

Работа. Би требало повеќе да работите на своето стручно усовршување, бидејќи може да ви се даде прилика да соработувате со странство, посебно со Германија. Ситуацијата се помрднува од мртва точка, ама со многу побрзо темпо отколку што сте очекувале. За време на полната месичина 25 април немојте да договарате нешто во врска со работата, освен ако веќе не сте договориле. Можен е договор во тајност со особа од доверба, и зголемен прилив на пари.       

Љубов. Изузетно поволен период и за оние кои се во врска и за оние кои се слободни. Можно е да сретнете некој кој намалку сте го очекувале и тоа ќе ве воодушеви. За време на полната месечина 25 април, тајна врска во голема мерка, емотивно ќе ве ангажира и нема да ви биде јасно дали се работи само за флерт или страст.

Здравје. Обратете внимание на исхрана и пазете се во сообраќајот.

Bik

БИК (21.04 – 21.05)

Работа. Перидов е одличен за секаков вид на соработка со странци, посебно со земји од блискиот исток или пак за започнување со партнерски односи со особа која се занимава со приватен бизнис, посебно во доменот на мода или некретнина. Можна е понуда за промена на работата, ако сте во средните години, веројатно ќе добиете понуда за работа во маркетинг. Ќе бидете успешни ако работите со помлади колеги. Обратете внимание на задачите.

Љубов. Транзитот на планетите ви оди во прилог, особено кога се во прашање они кои влијаат на начинот на комуникација. Меркур брзо поминува покрај вашата куќа на тајните непријатели, со тоа што можете да дојдете во прилика, да се сретнете со некоја особа, кој вас никогаш не ве оставила рамнодушна. Ова може да биде период на јаки возбудувања и големи страсти.

Здравје. Занимавајте се со јога.

Bliznaci

БЛИЗНАЦИ (22.05 – 21.06)

Работа. Во текот на овој период целото ваше внимание ќе биде насочено на односите со странство и обновување на контакти со особи од блискиот исток. Чувајте се од провокатори зошто се спремни да ве доведат во непријатна ситуација. Ви предстои важен разговор на почетокот на неделава со Рак или Јарец. Спремни сте да вложите многу пари во нов приватен проект.

Љубов. Повеќето се на ваша страна, и секоја ситуација која би можела да изгледа како неповолна, можете да ја искористите. Добро се сложувате со оние кои биле спремни да ги истрпат сите ваши каприци и вашите последни неколку месеци. Ако сте сколни кон тајни врски, пазете се да не бидете жртва на некој кој е многу вешт во заведување.

Здравје. Можни се болки во грлото, посебно ако конзумирате газирани пијалоци.

Rak

РАК (22.06 – 22.07)

Работа. Малку поголема доза на прилагодливост во работата со некој Бик, Вага и Риби ви оди во прилог. Исто така би било добро да се однесувате дипломатски бидејќи тоа ќе ви донесе резултати, пред да ги очекувате. Ако работите во голема фирма, посебно ако се занимава со трговија, можете да очекувате успех во работата и можни се поголеми добивки. Во времето на полната месечина 25 април можни се добивки во игрите на среќа.

Љубов. Во средината на периодот, во времето на полната месечина, можете да доживеете роматична средба, и сте во почетокот на еден нов период. Ако сте од посилниот пол, ќе ви се допадне маркантна особа која се занимава со уметност или се занимава со медиуми. Добивате прилика да доживеете многу пријатни моменти. Нагласениот знак Бик ви носи многу пријатни заеднички моменти.

Здравје. Добро се чуствувате.

Lav

ЛАВ (23.07 – 22.08)

Работа. Веројатно ќе добиете добри, различни врсти на информации, во врска со нова работа, и можност која ви се нуди во соработка со Бик, Вага, Овен или Близнаци. Некој ќе успее да ве заинтересира за некоја нова работа. Во времето на полната месечина 25 април, ви претстои поволна вест за пари или во проширување на соработката со приватна фирма. Ако имате намера да започнете нова работа во доменот на некретнина ќе имате успех.

Љубов. Добивате доказ за некоја наклонетост, ама вие, на тоа сте навикнати и можете да се однесувате, премногу индеферентно спрема некој кој сте му таен обожавател. Ако сакате да освоите некој Рак или Јарец, тоа се знаци со кои не сте компактибилни, ќе ви биде потребно големо трпение. Можно е тој напор да биде залуден.

Здравје. Исцрпени сте.

Devica

ДЕВИЦА (23.08 – 22.09)

Работа. Не би требало да се грижите во врска со евентуални трошкови, бидејќи се работи за вложување на пари во нешто што одамна сакате да го започнете, да работите во областа на самостоен проект или пак со задоволство ќе си дозволите нешто. Работа со странци ви носи пари и сатисфакција. Можен е пат во друштво со колегите со кој одсекогаш сте имале добар однос.

Љубов. Љубоната ситуација почнува да се средува и ќе бидете спремни да излезете на крај со своите сомневања во врска со особата која ви се допаѓа. Некој ќе ви помогне да го пронајдете духовниот мир ама сепак чувајте се од Близнаци, кој се во состојба да потикнат кај вас негативни размислувања или сомневања. Ќе добиете повик за излегување од Бик или Шкорпија, особа која вас ве интригира.

Здравје. Можни се вртоглавици.

Vaga

ВАГА (23.09 -22.10)

Работа. Можен е пат во странство или работа со странци, на предлог од еден Бик, Близнаци или Стрелец. На почетокот на седмицата бидете внимателни со Јарец, Рак или Девица. Може во нив ќе се сомневате без било каква причина. Не брзајте во донесување на било каков заклучок. Вие сте пред голема и значајна промена кон подобро. Средината и крајот на неделава ви предстои подобрување на финансиската ситуација.

Љубов. Ќе бидете многу пасивни, за разлика од предходниот период, бидејќи е нагласено астролошко поле на пасивноста. Ќе се обидете да бидете дипломати и дикретни, особено ако ви се допаѓа некој кој сте го запознале на работа. Ако сте слободни, ви пртстои средба со Лав или Стрелец.

Здравје. Можни флуктуации на крвниот притисок.

Shkorpija

ШКОРПИЈА (23.10 -22.11)

Работа. Обврски имате преку глава, а спремни сте да си поставувате уште поголеми задачи. Ако сте млади и барате работа, ќе се обидете да најдете решение во дополнителна работа или ќе побарате нова фирма, можете да очекувате подршка од некој претпоставен или колега. Малку очекувајте на среќата, а повише на парите кои можете да ги добиете само преку работа, иако некој од вас може да имаат неочекувана добивка преку наградна игра.

Љубов. Во почетокот на периодот можни се семејни расправии и конфликти помеѓу партнерот со кој сте долго време во врска или брак. Поводот може да биде некое недоразбирање со родителите или решавање на некое стамбено прашање. На некој му е важно да оствари добра комуникација со вас, а тоа е поради оваа сфера на нарушени односи.

Здравје. Пазете се на повреди, посебно во домот.

Strelec

СТРЕЛЕЦ (23.11 -21.12)

Работа. Свесни сте дека морате да направите некаков преокрет и вие ќе бидете спремни да се прилагодите на новите услови на работа, тоа за вас ништо незначи. Ако сте млади или започнувате нова работа, послушајте го советот од постара особа или колега, дури и ако со нив не сте во добри односи. Намалете ги трошковите и избегнете го натрупувањето на работа за време на полната месечина 25 април.

Љубов. Ако сте помлади можете да влезете во некаква авантура која може скапо да ве чини. Треба да се прилагодите на некои нови околности доколку сте во брак и да бидете поддршка на вашиот партнер бидејќи тоа го очекува од вас. Слободнит стрелци во средните години може да запознае Водолија или Овен со кој веројатно ќе оствари добра врска. Немојте да флертувате со било кој, доколку сте во врска со Близнаци.

Здравје. Пазете се од настинка.

Jarec

ЈАРЕЦ (22.01 – 20.01)

Работа. Правите планови во врска со нова работа, во која брзо ќе навлезете со ентузијазам, ама и со ризик. Сепак спремни сте максимално да се ангажирате околу нешто, за кое знаете дека неможете да направите грешка во било кој поглед. Имате со кој да соработувате, најдобри соработници ви се Бикот и Вагата. Преку некоја Риба вас ве очекува голем напредок на работата.

Љубов. Многу работи ви одат од рака ама не и транзитот на меркур. Ако сте заљубени во Бик или во некој кој се занимава со истата работа како вас, нема да имате ништо заедничко во врска со тоа што ќе разговарате. Партнерот ви е голема подршка во се. Ќе ве изненади повик за средба од некој кој сте го гледале како добар пријател.

Здравје. Проверете го видот.

Vodolija

ВОДОЛИЈА (21.01 – 19.02)

Работа. Ќе добиете понуда која не би требало да ја одбиете, ама и нетреба да се нервиарате ако не се одвива како што сте замислиле или како што сте сакале. Може да ја обновите соработката со Лав, Вага, Бик и Овен. Морате да бидете помалку горди и да ја прифатите ситуацијата онаква , каква што е, зошто во секој поглед, можете само да си донесете проблеми.

Љубов. Склони сте да се враќате во минатото и на бившата љубов. Барате сигурност и заштита во врска со некој кој би можел да ви ја обезбеди. Добивате можност, да се запознаете со некој, кој вас премногу ве привлекува во секој поглед. Можна е романтика со некој кој не е слободен. Ако сакате да стапите во брак или да започнете заеднички живот, ќе наидете на разбирање од членовите на семејството.

Здравје. Добро се чуствувате.

Ribi

РИБИ (20.02 – 20.03)

Работа. Не го трошите времето на некои непрофитабилни работи и кој на вас не ви носат сатисфакција. Потребно е да се занимавате со усовршување на некој странски јазик и да се прилагодите на новите услови на работа кои не се така лесни. Ќе имате многу обврски. Најважно е да ги следите своите внатрешни потреби и да го предвидите крајот. Имате прилика да дојдете до некоја заработка преку краткорочна работа.

Љубов. Транзитот на меркур, преку астролошката куќа на работата, ви носи, одвојување од работното место бидејќи меркур владее со вашата астролошка куќа на партнерските односи. Не остапувајте од своите планови кога е во прашање врска со особа која одсекогаш ве привлекувала. Можете да се посомневате дека партнерот има некоја друга симпатија. Младите се на прагот на некоја голема љубов.

Здравје. Повеќе шетајте.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.