Неделен хороскоп од 12.05 до 19.05

Oven

ОВЕН (21.03 – 20.04)

Работа. Обидете се да се приклучите на тимот што е можно поскоро, кој работи на голем проект, особено ако сте одржале разговор за тоа, првиот квартал на Месечината, 18 Мај носи можност за добра зделка со Лав, Близнаци или Овен. Од вашата иницијатива и услужливост многу зависи. Оние кои се занимаваат со трговија или работат во медиумите може да очекуваат прелив на пари.

Љубов. Спремни сте да влезете во нова врска и да се препуштите на некои нови доживувања, без обзир дали сте слободни или не. “Опасност” ве демнее на патот, службена или преку друга природа. Ја плените околината со шарм и малкумина кој можат да ви одолеат. Со Вага и Близнаци можете да остварите добар однос.

Здравје. Пазете се од оштри предмети.

 Bik

БИК (21.04 – 21.05)

Работа. Меркур, планетата на бизнисот од вашиот знак преминува во Близнаци што одговара на оние кои се бават со било која врста на приватен бизнис. Вашата смисла за маркетинг постанува многу нагласена, особено ако сте спремни сериозно да се приклучите во барање на нов партнер. Немојте да носите дефинитивна одлука во врска со соработката со некој Овен или Шкорпија.

Љубов. Ќе добиете повик со некој што се гледате само на работното место, некоја Вага, Шкорпија или Јарец за да се видите надвор од работата. Сакате да направите малце ред во вашиот живот, особено ако сте во врска со Вага, Близнаци или Девица ама тоа не ви оди баш од рака, особено ако сте во врска со многу млад или неверодостоен партнер.

Здравје. Немојте да се изложувате на големи напори.

 Bliznaci

БЛИЗНАЦИ (22.05 – 21.06)

Работа. Родените на почетокот на знакот може да очекуваат поволни работни понуди, ако сте воделе некоја врста на разговор за претстојните активности. Вага, Девица, Бизнаци или Стрелец може да бидат добри соработници. Пробајте да се договорите со оние кои имаат контакт со странци околу нешто што е во обостран интерес. Ќе бидете во прилика да во неврзан разговор, да заклучите поволни работни ангажмани.

Љубов. Склони сте на тајни врски. Ништо чудно додека Марс, планетата на страстите, транзитира преку вашата астролошка куќа на тајната љшбов. Можете да очекувате познанство кое од корен  ќе ви го промени животот. Ако ви се допаѓа некој кој често престојува во странство ќе барате многу како партнер. Ќе добиете прилика да обновите однос со некој кој е подеднакво амбициозен како вас.

Здравје. Внимавајте на сообраќајот.

 Rak

РАК (22.06 – 22.07)

Работа. Имате многу непријатели отколку што предпоставувате. Се трудите да најдете најдобар начин како да излезете од ситуацијата која вас не ви одговара. Ако сакате да се сретнете со Близнаци поради нова работа, внимавајте што им предложувате, можете да бидете жртва на нивната слаткоречливост. Овен и Шкорпија ве ценат многу повеќе отколку што можете да препоставите.

Љубов. Не би требало да се откажувате од врската која може моментално е во мала криза ниту пак да бидете иницијатор за раскинување. Потрудете се партнерот да разбере колку ви е важен. Може се надевате на средба со некој кој никогаш не ги криел своите симпатии спрема вас. Слободните Ракови може да очекуваат упорно додворување од страна на Овен или Шкорпија.

Здравје. Направете нешто за својата кондиција.

 Lav

ЛАВ (23.07 – 22.08)

Работа. Сакате да обновите соработка со некој Бик ама нема така лесно да ви оди, доколку премногу се ценкате. Можете да склопите добри работи и многу од вас може да се истакнат во јавноста, може ќе постигнете завиден успех. Ако сте млади, површноста е ваша мана. Треба со поголема самодоверба да пристапите на новата работа, посебно во соработа со некој Близнак.

Љубов. Семејниот живот би можел да ви донесе големо задоволство ако бидете спремни на отстапки и тоа не особено големи. Имате среќа да сте во врска со изузетно толерантен партнер кој ќе сака да ви излезе во пресрет за многу прашања. Верувате дека можете да се договорите со Стрелец околу нешто што ви е моментално многу важно.

Здравје. Добро се чувствувате.

 Lav

ДЕВИЦА (23.08 – 22.09)

Работа. Многу може да се случи околу работата, што вас ќе ве предомисли во поглед на вашите одлуки. Може ќе посакате да продолжите да се занимавате со некоја работа, која предходно сте се занимавале или ќе обновите соработка со некогашен колега. Ако сте млади, би било подобро да го послушате советот од членовите на семејството, ама и некој постар колега.

Љубов. Поради нешто сте премногу напнати, особено кога е во прашање решавање на проблем кој се однесува околу домот, дури и ако не се работи за голем проблем. Ако сте во брак, членовите на семејството од странта на партнерот премногу се потпираат на вас и како да не ви останува доволно време за заедничко дружење со партнерот. Слободните девици може да сретнат некој Бик, Шкорпија, Рак особено на пат и на повидок е нова романтика.

Здравје. Добро се чувствувате.

 Vaga

ВАГА (23.09 -22.10)

Работа. Ако го послушате советот на постарите колеги на вистински пат сте, да на најдобар начин решите многу од проблемите кои вас долго време ве окупираат, можен е финансиски приход. Можно е да се работи за вондреден проект кој би можел да ви донесе и заработка и популарност. Ви се укажуваат нови можности за заработка, особено ако сте млади и спремни да се согласите на напорно темпо на работа. Успехот исто така  ви е и во уметноста.

Љубов. Ова би можел да биде голем романтичен период, особено за оние кои имаат склоност лесно да се заљубуваат ама немојте под афектна ситуација да ја раскинувате врска. Ако ви се допаѓа друга Вага вреската ќе биде страствена, а со Близнаци на некој начин ќе бидете во тајност доколку сте двајцата слободни. Стрелец и Водолија ќе се обидат да ве освојат на оригинален начин.

Здравје. Ќе чувствувате нервоза.

 Shkorpija

ШКОРПИЈА (23.10 -22.11)

Работа. Можно е да инвестирате во нов проект, особено во доменот на маркетингот или медиумите. Внимавајте какви работи заклучувате. Соработка со многу млад колега, ви носи профит и популарност. Имате нечиј скриен восхит. Ќе добиете прилика да се адптирате на нови услови на работата кои многу ќе ви одговараат. Период на изразена креативност кој ви носи пари.

Љубов. Имате две подеднакви поволни можности на љубовен план, ама вие сепак сте лојални и најверојатно ќе дадете предност на постојаниот партнер дури и ако некој изразено ви се допаѓа. Премногу атрактивна особа која е во подеднаква мера способна и за бизнис ќе ви привлече внимание. Се трудите да бидете фер ама сте во постојана врска, можни се љубоморни сцени бидејќи не одолевате на искушенијата на флертот.

Здравје. Внимавајте на оштрите предмети.

 Strelec

СТРЕЛЕЦ (23.11 -21.12)

Работа. Многуте планети во астролошката куќа на работата и партнерските односи, ве прави вас опседнати да размислувате за успех на некој голем проект. Првиот квартал на Месечината, 18 мај кој се наоѓа во Лав ви носи нови прилики за склопување на работа со сериозни луѓе од странство. Оние кој ќе ви пружат шанса да направите добра работа ќе направат се за да ве возвишат.Оставате сјаен впечаток, на оние со кои доаѓате во контакт, особено на помладите соработници.

Љубов. Одличен период за љубов, особено за оние кои се спремни да одат во странство или на некој пат. Потрудите се да дојдете до некој информација за себе која вас ве интересира, па дури и ако се работи за личност кој во сите средби бил прилично незаинтересиран. Можна е соработка со Водолија.

Здравје. Добро се чувствувате.

 Jarec

ЈАРЕЦ (22.01 – 20.01)

Работа. Напорен период со многу обврски и можности да се истакнете на работа. Ќе имате можност да се адаптирате максимално на новите околности на работата со добра организација. Некој искрено ви се восхитува, ама на вас ви е многу поважно вие да бидете задоволни со резултатот, како на професионално така и на финансиско поле. Парите мудро ги вложувате во работа која сигно ќе ви се исплати.

Љубов. Ќе имате можност масимално да се посветите на некоја заедничка активност и најдобро ќе поминат оние кои се во врска со личност со слична струка. Слободните претставници на овој знак би требало максимално да се посветат на унапредување на својот друштвен живот особено доколку во последно време сте се осамиле. Можна е романтика со Бик или Шкорпија.

Здравје. Ќе бидете нервозни.

 Vodolija

ВОДОЛИЈА (21.01 – 19.02)

Работа. Сјаје период за повеќето од овој знак, особено за оние кои сакаат професионален предизвик. Можна е соработка со особа со која сте во подеднаква мера креативни. Ќе добиете повик за соработка од некој кој е веќе многу реномиран во својата работа, може да има некаква врска со уметност или спорт. Идејата за новата работа ќе ја добиете сурфајќи на интернет. Ви прилега друштвото на помлади соработници.

Љубов. Слободните Водолии може исто така да добиат идеја како некој да освојат преку интернет, дури и случајно ако пронајдат некој преку facebook. Социјалните мрежи и новата технологија играат голема улога во пронаоѓање на сродна душа. Сепак ќе се работи за некоја романтична особа која многу ќе биде конвенционална.

Здравје. Добро се чувствувате.

 Ribi

РИБИ (20.02 – 20.03)

Работа. На некој многу му е важно да ве наговори на некоја нова работа, а вие нешто слично веќе сте размислувале и имате готов план. Може да се работи за особа која е спремна со вас да започне нова соработка, најверојатно се работи за некој многу искусен колега кој ќе вложи одредена сума само што побрзо да започне со својот бизнис. Ако сакате да се занимавате самостојно во некоја делатност, ќе бидете во тоа успешни.

Љубов. Семејниот живот и вашиот личен мир ви се најважни. Малкумина кој ве разбираат бидејќи имате сјајни шанси да водите многу содржан друштвен живот, а вие сепак се повлекувате во себе и не дозволувате било што да ви ја поремети концепцијата како треба да изгледа вашиот приватен живот. Слободните Риби веројатно не постигнуваат да се јават на сите повици и да одат на сите места каде се повикани.

Здравје. Намалете ги оброците.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.