Остриги – афродизијак на маса

 

Французите се најголемите европски одгледувачи на остриги

resize

Уште од времето на Римјаните, остригите се сметале за деликатес. Нивното месо сместено во две асиметрични школки преполни со протеини, јаглени хидрати и витамини, Французите во нив одамна препознаа кулинарски потенцијал. Франција е денес најголем европски произведувач, а воедно и потрошувач на школките кои се сметаат за моќен афродизијак. Просечно во една година се ловат околу 150,000 тона остриги, најголемите одгледувачи се наоѓаат во францускиот региони на Нормандија и Бретања.

 

Во текот на годините остригите станале препознатлив симбол на француската кујна, а најчесто се послужуваат со чаша шампањ. Добрите познавачи на остриги ги развиле своите познавања до такво ниво што, со секој вид на шампањ, во зависност од регионот, разновидност и текстура укажуваат на соодветен вид на остриги – во зависност од нивното потекло, големина, и вкусот на вливот.

kamenice

Остригите се јадат сурови, штотуку извадени од морето, со неколку капки лимонов сок. Големината на овие прекрасни школки е многу битна бидејќи од тоа зависи интензитетот на вкусот ама и на цената. Опсегот е 0-6 сантиметри, со тоа што 6 сантиметри е најмалата школка.

kamenice tekst 2

Некој ги припремаат во кујна, но нивната нутритивна вредност во тој случај е значително намалена. Се сервираат во тањир од 6 до 12 парчиња, а за тоа во ресторан потребно е да издвоите околу 30 евра. Богати се со цинк, а тој минерал најчесто недостасува во прехраната на човекот. Конзумирањето на остригите го подобрува целиот нутритивен и здраствен статус, ама и либидото. Всушност, цинкот обилно се излачува од организмот за време на ејакулација, и е исто така потребен за синтеза на тестостерон – машкиот  хормон.

kamenice tekst 1

Французите често се споменуваат во контекст како најголемите љубовници на светот, така што не не изненади нивната посветеност на одгледувањето и потрошувачката на остригите. Овие луѓе заинтересирани за се што е поврзано со афродизијак дури отвориле Музеј на остриги која има долга традиција.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.