Пилинг на лице за мажи и жени

Пилинг на лице е препорачливо да се направи најмалку еднаш месечно, а пожелно е еднаш неделно.
При пилингот на кожата се остранува површинскиот изурен слој од клетки, а новите клетки ја подмладуваат кожата. Со пилингот всушност се постигнува регенерација на епителот на кожата на лицето.

За таа цел се користат различни препарати и нив треба да ги нанесуваме на чисто лице, да се втријува со благи движења, без да се зафати чувствителниот дел околу очите.


Состојки: 150гр. Пченични трици, 1,5дл. Јаболков оцет и 0,5дл. Вода.

Подготовка: Триците треба да се потопат во јаболков оцет предходно разблажен со вода.

Употреба: Со добиената паста добро се трие предходно измиеното лице. Се трие со фротирска ракавица. По деталното чистење лицето измијте го со топла вода.

Извадок од книгата “Природна козметика” од ХЕРБА-СТОЈАНОВИ

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.