Рак (22.06 – 22.07)

 149235

Ракот е четвртиот зодијачки знак, припаѓа во групата на водени знаци (рак, скорпија и риби), кардинален е, природен владител е на четврттата куќа, со него владее месечината (планетата на емотивноста и мајчинството), во опозиција му се наоѓа јарецот. Владее со градите, стомакот, горниот дел на црниот дроб, желудникот. Пасивен е, многу е емотивен, постојано бара да му се искажуваат чуствата, љубоморен е и посесивен, голем материјалист, но и голем патриот. Кон сите се однесува мајчински и секогаш се обидува да господари во својот дом. Сензитивен е, се задржува во себе, секогаш е подготвен да помогне, сочувствителен со добро памтење. Големи традиционалисти се. Ако не ги остварат своите амбиции стануваат фрустрирани. Сколони се и кон уметноста, раковите се едни од подобрите поети. Владее од 21,06,-22,07, до кога и Сонцето престојува во него. Симбол е на мајчинството и плодноста, многупати заштитник и на поетите. Во митологијата ракот се врзува за Месечинското Божество (способноста за репродукција и плодност): египетскиот Бог Анубис и грчката Боица Артемида, заштитничка на водата, вегетацијата и мајчинството.

На ракот му припаѓа бројот: 4.

Ден: понеделник.

Бои: бела, сребрено-бела, сребрено-сива, светлосина.

Метал: сребро.

Благородни камења: бисер, кристал, опал, кварц.

Билки: бело цвеќе, афион, детелина, слез, перуника, жална врба и овошје и зеленчуци кои што содржат вода: лубеница, краставица, тиква.

Животни: ракови од сите видови, остриги, медузи, пчели, муви, ноќни пеперутки, жаба.

Познати личности родени во знакот на рак: Хенри 8, Џузепе Гарибалди, Џакомо Леопарди, Рембрант, Рубенс, Леди Дијана.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.