Рецепт за итна помош на целулит

 

Cellulaze_Sasaki-02-02_6MonthsPostTx

Лекувањето на целулитот е секогаш долготрајно. Некои лекари постигнуваат траен успех со помош на хидротерапија, а посебно со брановата терапија (лекување со престој на море), обидете се што повеќе да се изложите на морските бранови. Благотворен ефект дава горската суручица, медуника која го подобрува излачувањето на урината и знојот. Таа билка е воедно и средство за зајакнување и средство за смирување.

Во случај на изразен целулит, еден од најдобрите напитоци е чај од лисја на бреза и пупки од бреза – 4 чаши дневно. Се прави со 4 супени лажици чај и 1 литар вода.

Сами можете да направите и масло за втријување кое се приготвува на следниот начин: по 20 лажици масло од артичока и 5 лажици масло од чемпрес.

Ви треба и помада за локална употреба која се приготвува на следнито начин: 10 лажици акохолен екстрат од бршлен, 100гр. ланолин, 10 лажици алкохолен екстрат од планински чај (origanum vulgare) и 100гр. вазелин. Се меша полека со миксер, прво вазелинот и ланолинот и се додава по малку, во тенок млаз од тинктурите.

Извадок од книгата “Женски болести” од Херба-Стојанови

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.