Со храна до побели заби

 

Превенцијата е најдобар лек за белината и убавината на вашата насмевка. Секако дека професионалното белеење, може да ги направи вашите заби побели, сепак подобар и поевтин е изборот на храна како заштита на вашето орално здравје.

24067_shutterstock_60781924_iffЈагоди

Не чека сезоната на јагодите. Ова овошје содржи киселини кои се природни избелувачи на забите. Се што треба да направите е да ги испасирате и да ги измешате со сода бикарбона. Нанесете на забите со мека четка. Пет минути покасно исплакнете ја устата и резултатот ќе биде насмевка со бели заби. Внимавајте ситните семки од јагодите да не останат помеѓу забите.

 

16683_woman-with-milk-glass_iffМлечни производи

Млечните производи се познати по калциумот, минерал кој е од суштинско значење за здрави заби. Ја зајакнува забната глеѓ и коската. Покрај тоа млечните производи содржат казеин, една врста на протеин кој заедно со калциумот играат важна улога за чување на оралното здравје.

 

 

18706_voda-02_shutterstock_81172057_iffВода

Водата делува како плунката, ги отстранува шеќерот и киселината од забите. Содржи флуор кој ги штити забите од ерозија, се наоѓа во пастите и течностите за плакнење на устата. Водата е природен извор на овој минерал, а најмногу го има во водата од чешма.

 

 

25042_shutterstock_39384439_iffМастики без шеќер

Мастиките ја стимулираат плунката која ги чисти забите и која на природен начин ги отстранува бактериите во устата. Мастиките се богати со калциум и фосфат, а покрај тоа повеќето од нив се засладени со ксилитол, кој го намалува бројот на микроорганизми.

 

 

 

Храна која штети на забите:

Туршија, тврди бомбони, газирани пијалоци, црно вино.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.