Што е тоа алтернативна медицина?

Постои уште пред научната медицина, што значи долги години наназад, а и самиот збор, доколку нема лек, за нашата болка, болест, принудени сме да побараме лек и од друга алтернатива, односно избор.

Вистина е дека денес постојат, повеќе бајачи или тревари или лекувачи со позитивна енергија итн. Сепак од немај каде се впуштаме во некои од овие алтернативни патишта да пробаме да се погрижиме за нашете здравје.

Најчесто лекување во алтернативната медицина се нуди преку билки и чаеви, но има и друг вид на третмани кои ке ги оставиме за понатаму, во некои од следните пишување.

CAJEVI-1Билки и чаеви

За секоја болест постои соодветен чај направен од една или повеќе билки.

Веќе во секоја билна аптека има разни видови на чај. Прашањето е вистинскиот чај да се погоди и да ни помогне при лечењето.

Стомачни болки и чаеви за нив.

Колку што можевме за вас да дознаеме ‘‘Мое здравје‘‘ се потруди да дојде до следниве сознанија: Скоро во сите чаеви се става нане, кое е против гасови или тегоби во желудникот, а нането исто така се користи и како зачин во некои потешки видови јадења.

За смирување на болката посебно во желудникот се користи камилица, која делува благопријатно на организмот за варење.

Помешано со овие две билки во чајот може да се додаде и мајчина душица Така ќе добиете микс од три билки кои времено ќе ја ублажат болката во пределот на стомакот.

Совет: Доколку имате јаки болки во пределот на стомакот, тогаш напијте се само чај од нане без шеќер, најмалку три пати во текот на денот, до пет пати.

До крајот на денот треба да почувствувате олеснување.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.