Што е мигрена?

migrena_glavobol

Мигрена е васкулопатија која се карактеризира со специфични промени во крвните садови во мозокот. Се случуваат хемиски реакции во овие крвни садови и тоа предизвикува да тие постојано се стеснуваат и прошируваат. Се мисли дека тоа може да биде резултат на неизбалансираниот серотонин – супстанца која го регулира нашиот биоритам, расположението и кардиваскуларната функција во нашето тело. Кога има флуктуација на серотонинот се случуваат овие промени на крвните садови.

Иако вистинската мигрена ретко може да биде предизвикана од генетски и од хемиски дисбаланс, има многу ситуации кои можат да ја предизвикаат или да ја влошат активната мигрена. Стресот е еден од главните фактори за предизвикување и влошување на состојбата. Многу стрес предизвикува еден вид домино ефект во нашето тело. Тој што се наоѓа под постојан стрес многу е веројатно и дека не се храни здраво и не спортува. Стресот предизвикува и несоница, и кога телото не е одморено системите во телото стануваат слаби, како што е имуниот систем.

Храна која може да и помогне во борбата против мигрената

Постојат одредени супстанци кои можат да бидат екстремно корисни за мигренозните болки.

- магнезиум – магнезиумот е есенцијален за здрави крвни садови и нерви и е корисен во превенирање на спазмите (контракции, стеснувања) на крвните садови.
- Рибино масло – истражувањата покажале дека луѓето кои додаваат рибино масло во јадењето ги намалува болките. Тоа се должи на истиот ефект што го има и магнезиумот.
- Витамин Б и Д – Витаминот Б2 кој е и познат како рибофлавин, е докажано дека може да ја намали честотата на мигренозните болки. Исто така е откриено дека витаминот Д заедно со додаток на калциум е многу делотворен против мигрената.

Поголем процент на луѓе патат од мигренозни болки поради преосетливост на некои типови на храна и пијалоци. Виното или чоколадото се познати тригер фактори поради аминокиселината тирамин. Ако сте некој кој ја има оваа состојба добро би било да правите листа на јадења што ги консумирате и како ви делуваат истите. По некое време ќе можете да забележите и шема на тоа кои јадења ја тригерираат мигрената. Откако ќе откриете кои јадења се одговорни, тогаш лесно можете да ја намалите фрекфенцијата на нападите.

Уште некои работи кои можат да ви помогнат

- Земајте аспирин секој втор ден, но пред да го направите ова консултирајте се со вашиот доктор.
- Ставете мраз на делот од главата каде што ве боли, зошто мразот помага да ги стесне крвните садови.
- Вежбајте. Редовните вежби го редуцираат стресот кој е тригер на мигрената, но и го зајакнуваат кардиваскуларниот систем
- Истуширајте се. Долго и топло туширање ќе ве ослободи од тензијата и ќе ги олесни симптомите.
- Одмарајте во темна и ладна соба зошто светлина секогаш ја влошува мигрената.

Најважниот аспект за лекување на мигрената е познавањето на факторите кои ја тригерираат. Секако не можете да ги отстраните сите но во голем дел можете да ги намалите и да забележите огромно подобрување.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.