Стрелците го сакаат “забранетото овошје”, а Јарците се најверни!

 

Најверните знаци во астрологијата се Риба, Рак и Јарец, Додека Стрелец, Вага и Водолија тешко дека ќе се спротистави на возбудата.

Нема универзално правило за тоа дека одреден знак ќе ве изневери или ќе ви биде верен, генерално гледано постојат знакови кои се склони на афера поради својата авантуристичка природа или желни се за возбуда.

Oven

Овенот е роб на страста

Доколку овенот се впушти во афера, за тоа брзо ќе дознаат сите во околината, бидејќи тешко ќути во својот љубовен живот. Овенот го води страста, а поради својот темперамент и непромисленост, може да го остави својот партнер бидејќи се заљубил. Најчеста причина за впуштање во неврество е потрагата по возбуда, која им недостасувала во врската, а ако се откријат во афера, кривицата ќе пробаат да ја префрлат на другата страна.

Bik

Бикот сака уживање ама се плаши од измама

Припадниците на овој знак се големи љубовници, но во долгите врски најчесто се верни. Ако партнерот емотивно и сексуално ги задоволува и им овозможува финансиска сигурност, неверството нема да им ја загрози врската. Исто така се и исклучително лојални, а тоа истото го очекуваат и од својот партнер. Најчеста причина за неверство кај бикот е недостатокот на физичката интимност со партнерот.

Bliznaci

Близнаците изневеруваат емоционално, а не физички

Немирниот дух на близнакот ги охрабрува да се вклучат и покрај долгата врска во флертувањето. Сепак на следниот чекор нема да прејдат и ќе се задржат на комплименти и верблано надмудрување преку SMS или социјалните мрежи. Тоа нема да се случи ако нивниот партнер и понатаму им преставува предизвик, а ако сепак изневерат, тогаш тоа е знак дека односот дефинитивно е готов и тогаш продолжуваат понатаму.

Rak

Ракот изневерува ако е несреќен

Чувствителниот рак во љубовта е верен, првенствено дека се води според “немој да го правиш она што неќеш да ти го прават тебе”. Ако дома имаат доволно љубов и нежност, тогаш раковите се имуни на измама. Тоа добро го знае и нивниот партнер и тоа не треба да го земат здраво за готово, бидејќи еден рак кој изневерува се чуствува несакано и несреќно.

Lav

Лавот сака возбудувања и внимание

На лавот драмата и возбудувањата се омилените состојќи на меѓучовечките односи. Додатен фактор кој ги вклучува во групата на знакови кој често изневеруваат, е нивната постојана потреба да бидат во центарот на вниманието. Ако сакате да бидете сигурни дека вашиот лав е само ваш, тогаш немојте да заборавите да му делите комплименти, ама и понекогаш играјте си со нив топло-ладно за да останат заинтересирани. Најчесто изневеруваат со луѓе кои се помлади од нив бидејќи ги привлекува младешката енергија.

Devica

Девицата изневерува кога сака да излезе од врска

Девиците се едни од сериозните припадници во хороскопот, приземјени се, и најчесто лојални се кон партнерот. Ако се срќни и задоволни во врската нема да размислуваат за забранетото овошје, но измамата им станува нормална работа ако чувствуваат дека партнерот не ги почитува доволно или не им обезбедува се што им е потребно. Тогаш аферата им е оружје кое ќе им помогне безболно да излезат од врска и да го замислат својот живот со некој друг.

Vaga

Вагата многу зборува, а малку работи

Праведни и фер се припадниците на овој знак, своите обврски ги разбираат серизоно, па така и оние партнерските каде што се во принцип верни. Сепак они се љубители на новото друштво, комплиментите и флертот се оние кои  често ги водат во некои необични ситуации. Најважно е партнерот на вагата да е пријател на кој ќе може да се наслони, бидејќи тогаш ќе биде во најмало искушение да изневери.

Shkorpija

Шкорпијата бара нова возбуда во сексот

Мрачната, таинствената и еротичната шкорпија често се поврзува со измама, ама сепак тоа најчесто не е вистина. Ако навистина се заљубени, неверството нема да им падне на памет. Она што може да се случи е да им здосади рутината во врската, посебно рутината во сексот, па ќе се впуштат во измама за една ноќ која никогаш нема да ја признаат на својот партнер. Противотров за шкорпијата да не изневерува е воведување на новитети во спланта соба, ама и првремено будење на нивната љубомора.

Strelec

Стелецот го сака забранетото овошје

Слободоумни, желни за авантура, стрелците се склони на неверство. Може да бидат во долги и сериозни врски, но измамата нема да ја доживеат како нешто драматично. Најдобро е што повеќе време да се дружи и забавува со својот партнер, по можност во забавни активности како спортот. Исто така, неверството ќе го опрости полесно отколку некој друг знак.

Jarec

Јарецот е столб на лојалноста

Припадниците на овој знак се помеѓу најверните во целиот хороскоп, првенствено затоа што они измамата не ја доживуваат како нешто телесно, туку најпрвин како духовна измама. Тие можат да хипнотизираат некој, првенствено со својота интелектуална страна, но ништо повеќе од флерт нема да се случи. Ако изневери, тоа го прави како начинот на девицата – аферата е бегство од врската. Колку верност даваат, толку и бараат за возврат, никогаш не опростуваат неверство.

Vodolija

Водолијата измислува сопствени правила за неверство

Припадниците на овој знак често тврдат како никогаш не изневеруваат, ама вистината е дека нивната дефиниција на неверство е многу толерантна отколку кај други луѓе. Рутината им оди на нерви, најчесто ќе изневерат со некој кој е различен од нивниот партнер, но сами на себе ќе објаснат како тоа било неизбежно за да не ги јаде совеста. Водолијата нема да изневери единствено ако навистина сака и знае дека партнерот тоа нема да му го опрости.

Ribi

Рибите се главни актери во својата фантазија

Припадниците на овој знак живеат во светот на фантазијата, а љубовни и стрствени сценарија секогаш се вртат во нивната глава. Ако врската им стане досадна и предвидена, тогаш ќе почнат да фантазираат за колегите од работа или некој друг од околината. Лесно знаат да застанат на време, прашање е дали во тој процес ќе се заљубат или не. Партнерот риба треба да се труди да ја одржи страста во живот бидејќи само тогаш нема да им падне на памет измама.

 

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.