СУПЕРНАМИРНИЦИ – ГОЏИ БОБИНКИ

 

Goji-Berry-HeartВо последниве години гоџи бобинките го освоија европскиот и американскиот пазар. Доаѓаат од Хималаите, таму на нив им се познати со векови и се користат како состојки во многу рецепти, исто така се користат и во медицината, а тоа се должи на нивните одлични својства. Во Азија тие дури и се нарекуваат “црвени дијаманти”.Гоџи или волк бобинки (Lycium barbarum) е грмушка-растение кое расте 1-3 метри во висина. Постои еден вид кој најчесто се одгледува во јужниот дел на Кина и е ниска, а другиот вид Lycium barbarum повеќе расте во северниот дел, особено во провинцијата Нингхиа Хуи и таа е малку повисока. Плодот е во портокалова и црвена боја, должината е 1-2 см, триаголник по форма. Бобинките зреат од јули до октомври. Тие може да се јадат сирови, но брзо оксидираат па затоа најчесто во продавниците ги има сушени. Нивниот сладок вкус потсетува на суво грозје, исто така може да се купат во форма на чај и сок. Нивниот најголем извозник и производител е Кина.

Интересно е тоа што во Англија од крајот на 18-ти век биле донесени од Арчибалд Кембел, војводата од Аргил и така гоџи бобинките биле прифатени како украсно растение. Но на почетокот на 21 век почнала нивната ненадејна популарност како супернамирници или храна која е хранливо многу богата, така што резултатите од медицинските истражувања го потврдуваат потенцијалот на гоџи бобинките како позитивни кон здравствените ефекти.

2217007.17Кои се карактеристиките на гоџи бобинките?

Поради своите исклучителни нутритивни и антиоксидантни својства се користат во традиционалната кинеска медицина од памтивек. Западниот дел од светот ги открил во последните десет години и ги означува како супернамирници ( храна која може да се применува како лек ).

Зошто?

Тие се на првото место во САД на топ листите на ORAC (Oxygen Radical Absorbance Capacity ). Тоа е скала која ги мери антиоксидантните својства на храната. Како што е рангирана повисоко на скалата, така храната има поголем капацитет за да ги уништува слободните радикали. Бидејќи ако тие се на располагање и ако станува збор за нивна акумулација тие така го нарушуваат здравјето, го забрзуваат процесот на стареење и на тој начин стануваме подложни на голем број дегенеративни промени.

Гоџи бобинки имаат во 100 грама фантастични 25.300 единици, во споредба со сливите кои се на второто место во трката на 100 грама имаат само 5.770 единици. Така да тие се најдобрата храна за ревитализација на телото и за забавување на процесот на стареење. Тие содржат 68% јаглехидрати, 12% протеини, 10% растителни влакна и 10% масти, така што на 100 грама имаат 370 (k) калории.

SONY DSCШто се содржат гоџи бобинките?

Не само што тие имаат исклучително високи нивоа на витамин Ц и железо (во 100gr. има 11mg. железо, која е главен извор на железо за разлика од која било друга билка) тие содржат многу хранливи материи и фитохемикалии или фитонутритиенти (која на храната и дава боја, вкус, мирис и други сензорни карактеристики и има позитивни функционални вредности за човечкиот организам во однос на заштитата и превенцијата од болести) како што се:

- 18 аминокиселини (од кои 8 се есенцијални и кои се неопходни за живот )

- 6 есенцијални витамини (како рибофлавин, витамин Б2, витамин Б1, витамин Ц )

- 21 минерал (како што се железо, цинк, селен, калциум, калиум )

- 8 полисахариди и 6 моносахариди

- 5 незаситени масни киселини, кои се важни да се споменат-линолова и алфа-линоленска киселина, тие се од суштинско значење за правилно функционирање на мозокот и нервниот систем

- бета-ситостерол (која го намалува нивото на холестерол) и други фитостероли

- 5 каротеноиди (бета-каротен, зиаксантин, лутеин, ликопен, криптоксантин, ксантофил)

- Многу фенолни пигменти, кои имаат антиоксидантни својства.

0266007.48Некои податоци за сотавот кој ги содржи гоџи бобинките:

Лутеинот има исклучителни антиоксидантни својства. Го забавува распаѓањето на макулата, која е најчеста причина за слепило кај постарите над 65 години.

Бета-каротин се претвора во телото во витамин А, важен за здрав вид.

Зиаксантин ги штити очите од изумрување на жолтите дамки предизвикани од дејството на слободните радикали. Помага во заштита од разни форми на рак така што ја пркинува станицата на слободните радикали, а со тоа се намалува бројот на клетките на туморот.

Бетаин помага на јетрата да произведува колин на тој начин ја стимулира нервозата, спречува појава на замастен црн дроб и ја подобрува меморијата.

Циперонот е добар за срцето и за високиот крвен притисок, исто така се користи во битката за рак на матката.

Физалин кој се користи за лекување на хепатитис Б и се користи во борбата против леукемија.

Бета-ситосерол која има анти-воспалителни својства.

Picture 007Еден од најважните активни состојки во гоџи бобинките се  полисахаридите кои ја подобруваат функцијата на имунолошкиот систем и му помагаат на телото да се бори против одредена болест.

Гоџи бобинките имаат важна улога во традиционалната кинеска, корејска, јапонска и тибетска медицина во текот на многу години.

Денес таа се користи бидејќи се смета дека:

- Го зајакнува имунолошкиот систем

- Го подобрува видот

- Ја подобрува циркулацијата на крвта, ги опушта крвните садови и има корисен ефект врз високиот крвен притисок

- Прави заштита на црниот дроб и бубрезите

- Позитивно влиае врз тенот на кожата

- На уринарниот систем и производството на сперма

- Може да се ублажат несаканите ефекти од хемотерапија и радиотерапија

- За болки во грбот

- Дијабетес

Дури ги нарекуваат “среќен бобинки” бидејќи прават човекот да се чувствува добро кога се консумираат редовно, ја подобруваат енергијата и издржливоста на телото.

Гоџи бобинките не се фармацевски лек, но се едни од најдобрите природни додатоци во исхраната кој се во корист на целиот организам.

goji-sadnice-jednogodisnje-dvogodisnje-slika-6101845