Трепетник ( 2 дел )

eyes_pictures

Според народното верување, протреперувањето на одреден дел од човечкото тело има свое значење. Понекогаш се случува со денови да ви поигрува окото или да ве чеша веѓата. Сигурно сте се запрашале што значи тоа? Што навестува? Се надеваме дека одговорите ќе ги најдете.


Десното уво ако протрепери или ако зуи: добри вести и веселба.

Левото уво: ќе се разжалостите поради некоја лоша вест.

Десната веѓа: мала кавга, но започнатото ќе се доведе до крај.

Левата веѓа: бидете поумерени во јадењето, мали проблеми.

Десното око: што и да замислите, ќе се оствари.

Левото око: лоши вести кои ќе ве растажат.

Левото око задено со левата веѓа: ќе се разбесните, но за кусо време ќе се смирите.

Аголот на десното око: ќе остварите некаква корист, добивка.

Аголот на левото око: ќе се јадосувате за несшто.

Горните трепки на десното око: веселба.

Долните трепки на десното око: ново пријателство.

Горните трепки на левото око: судир, кавга.

Долните трепки на левото око: ќе бидете многу почестени од некого.

Горната усна: ќе ви дојдат далечни гости со кои ќе имате пријатни мигови.

Долната усна: некои познаници ќе ви приредат радост.

Двете усни одеднаш: познанство со нови луѓе.

Брадата: ќе добиете полезни совети од своите блиски.

Градите: голема добивка, богатство.

Горниот дел од градите: интимна средба со симпатична жена ( маж ).

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.