Трепетник (3 дел)

skin-cell-face-lift-w724

Според народното верување, протреперувањето на одреден дел од човечкото тело има свое значење. Понекогаш се случува со денови да ви поигрува окото или да ве чеша веѓата. Сигурно сте се запрашале што значи тоа? Што навестува? Се надеваме дека одговорите ќе ги најдете.

 

 

 

 

Десната дојка: неисполнета желба (неќе можете да одите таму за каде што мечтаете)

Левата дојка: ќе добиете заштита од некој човек на висока позиција.

Левата страна на утробата: голема радост, висока слуба.

Папокот: радост и голема полза, добивка.

Грбот: од некоја битка ќе излезете со обновена сила.

Десните ребра: ќе претрпите штета.

Левите ребра: грдите зборови од вашите непријатели нема да ви наштетат.

Плеќите од десната страна: машко дете во семејството.

Плеќите од левата страна: ќе имате долготрајна грижа.

Десното рамо: здравје и поттик за некое добро дело.

Левото рамо: ќе ве навреди некој близок пријател.

Десниот лакт: конфликти со неразбран човек, но ќе успеете да го убедите, победа над силен непријател.

Левиот лакт: ќе добиете слава и почит.

Десната пазува: ќе слушнете добра вест ѓто че ве израдува.

Левата пазува: кавга со некој пријател.

Десната дланка: некому ќе му направите голема добрина.

Левата дланка: исполнување на желбите, добивка.

Горниот дел од десната рака: ќе ви се остварат сите надежи.

Показалецот на десната рака: ќе ви се остварат сите надежи.

Показалецот на десната рака: лоши вести, клевети.

Големиот прст на десната рака: ќе направите некое добро дело што ќе ве израдува.

До малиот прст на десната рака: ќе добиете неубава вест.

Малиот прст на десната рака: ќе слушнете лоша вест за која ќе излезе дека била лага, пазете се од измама.

Жилата на левата рака: засекогаш ќе се разделите со некој драг пријател.

Горниот дел од левата рака: почести и слава.

Палецот на левата рака: кавга со непријател од кој ќе излезете победник.

Показалецот на левата рака: кавга и брзо помирување.

Големиот прст на левата рака: ве очекува патување.

До малиот прст на левата рака: ќе слушнете добра вест.

Малиот прст на левата рака: ќе добиете (или ќе најдете) пари, но брзо ќе ги потошите.

Десното колено: ве очекува богатство.

Левото колено: ќе ве фалат.

Десното бедро: ќе најдете пари.

Левото бедро: патување со некои пријатели кои ќе ве советуваат за ваше добро.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.