Вежбајте!

 

human-evolutionДимитар Цонев не советува на следново. Размислете за животните. Тие треба да трчаат, скокаат , да се качуваат, превртуваат, летаат, копаат, пливаат, да ловат, мавтаат, ползат или бегаат за да можат да јадат, да се парат. Филозофот Херберт Спенсер напишал : “Ако сакате да имате упех во својот живот, прво мора да бидете добро животно”. Ние сме, всушност, едни од силните и брзите животни на планетава и без сомнение најприлагодливи. А за тоа постои добра причина.                                         
Вежбата го менува правецот на стареењето. Излегува дека голем дел од она што го нарекуваме стареење, покрај деструкцијата на слободните радикали, всушност е ефектот од многу седење или невежбање. Вашата способност за аеробик се намалува, се зголемува проперцијата на салото во телото, вашето чуство за рамнотежа се намалува, тендецијата на крвта за згрутчување се зголемува, бројот на вашите црвени крвни зрнца се намалува, вашиот холестерол и триглицериди се зголемуваат, снагата на инсулинот да ја регулира рамнотежата на шеќерот се намалува, како и вашите сетила за слух и вкус.

За сите овие успони и падови на стареењето заради недостаток на вежбање, лекот е, се разбира вежбањето. Тоа е толку едноставно. Вашето ново мото треба да биде “Искористете или изгубете”.

Како што старееме, стануваме се поартитични. Секој добива остеоартритис во поголем или помал степен. Тоа едноставно абење и кинење на мускулите, истиот вид на абење и кинење кои можете да ги видите на вашата кожа – губиток на еластичност и флексибилност, и акумулација на тенки, предходно незабележани повреди.

Вежбањето помага да се минимализира артритисот со билдување на мускулите кои го опкружуваат секој зглоб.

 

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.