ВИДЕО КОЕ МОРАТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ!

key_art_the_future_of_food

Документарниот филм “Иднината на Храната”, премиерно прикажан во 2004, е клучна алатка на Американските и интернационалните анти-ГМО (генетски модифицирана храна) активистички движења. Филмот е признаен поради улогата која ја има во едуцирање на гледачите и поради донесувањето на “Мерката Х” во округот Мендосино, Калифорнија, една од првите локални иницијативи во земјата да се забрани садење на ГМО култури. Премиерно овој филм бил прикажан пред распродадена сала во театарот Кастро во Сан Франциско во 2004-та година, каде бил претставен од страна на Алис Вотерс.

Во септември 2005, “Иднината на Храната” ја доживеа својата национална премиера на Филмскиот Форум во  Њу Јорк, проследено со турнеја низ поголемите Американски градови. Пофален од писатели, експерти и активисти за заштита на животната средина, филмот е прикажан низ целиот свет, од Мексико, Индија, Кенија, Бразил, Индонезија, се до Бугарија. Филмот исто така е прикажан и на разни професионални собири вклучувајќи ги и конвенцијата на органски фармери, семинарот на органската трговска асоцијација во 2005 и конвенцијата на Американската диететска асоцијација. Колумбија и Њу Јорк Униварзитетите го прикажаа филмот на своите студенти.

Во текот на 2006, филмот продолжил да се прикажува глобално, на конвенција во Лондон и на конвенцијата на Јапонските фармери. На семинарот за Исхрана и Здравје, организиран од Ендру Веил и Медицинското Училиште Колумбија од Њу Јорк, почесен гостин и говорник бил Гарсија. Филмот бил распродаден во Париз, Амстердам и Лондон, а бил прикажан и во Италија за “Тера Мадре 2006”, собир на околу 5000 земјоделци и производители на храна од целиот свет; како и на конференцијата за жени и солидарност кон храната во Индија.

the_future_of_foodИднината на Храната бил дел и од неколку филмски фестивали, меѓу кои и филмскиот фестивал Маргарет Мид, фестивалот на Американскиот Институт за Филм/ Discovery Channel SILVERDOCS и Ново Зеландскиот Филмски фестивал. Филмот е добитник на наградата за “најдобар документарен филм”, ја добил наградата од публиката на Филмскиот фестивал Ен Арбор и на Независниот Филмски фестивал во Ашленд. Исто така, добитник е на “Наградата за Човекови Права” на Филмскиот фестивал во Таос. Филмот е меѓу најдобрите доументарци за 2004 година избрани од Комитетот за Оскар при Академијата на Филмската Индустрија.  Филмот е преведен на шпански, француски, португалски, холандски, италијански и јапонски. Во 2007, професорот Џошуа Малдвин во наставната програма вовел едукативно издание за изучување на “Иднината на Храната”

И во 2009, “Иднината на Храната” продолжи да се прикажува низ целиот свет, на филмски фестивали, во училишта и како дел од земјоделски и културни настани. Се уште ја има и подршката на голем број организации.

Генетското модифицирање на храната и денес се соочува со безброј контроверзии, бидејќи големите Агро корпорации кои ја користат оваа технологија, се прикажуваат себеси како одговор на светската криза со храна и на понатамошното снабдување на семе.  “Иднината на Храната” продолжува да биде клучна алатка на активистите кои повикуваат на поголемо внимание кон ова прашање.