Заканувачка болест на иднината

 

alchajmerova-bolest-1349079922-214321 (1)Алцхајмерова болест

Алцхајмеровата болест е невролошко нарушување што доведува до бавно влошување на мозокот, предизвикувајќи проблеми со меморијата и секојдневното функционирање и однесување.

Алцхајмеровата болест е прогресивна болест на мозокот, таа е најчеста кај луѓе постари од 65 год. Луѓето со алцхајмерова болест развиваат вознемирувачки промени во помнењето, функционирањето и однесувањето, кој постепено се повеќе ќе се влошува. Овие промени се повеќе влијаат во секојдневниот живот на човекот, намалувајки ја независноста и се така додека конечно не станат целосно зависни од други.

 

Алцхајмеровата болест има огромно влијание брз старателот на пациентот. Повеќето старатели се блиски роднини на пациентот и ја превземаат одговорноста да се грижат за нив во домашни услови, што е навистина деликатно и исцрпувачки и претставува огромна емоционална и физичка напнатост.

Алцхајмеровата болест ги убива мозочните клетки, што доведува до значително намалување на дисбаланс на мозокот. Мозочните клетки изумруваат и така во мозокот се акумулира карактеристчен отпад.

Alchajmerova-bolestСимптоми

Симптоми на Алцхајмерова болест се појавуваат постепено во период на неколку години и се разликуваат од личност до личност. Првите симптоми се појавуваат обично како блага заборавеност и конфузија. Симптомите на алцхајмерова болест може пошироко да се категоризираат во когнитивни, функционални и психолошки промени.

• Когнитивни промени – ослабена краткотрајна меморија (оштетени спомен на неодамнешните настани, губење на работите околу домот, лоша организација), потешкотии во донесувањето на одлуки, сомнително разбирање на времето и просторот, намалена способност да разбираат и проблем во препознавањето на пријатели и членови на семејството.

• Функционални промени – намалена способност за извршување на секојдневните активности како и посложени задачи: тешкотии при ракување со пари, тешкотии во одржувањето на личната хигиена, тешкотии во облекување, нерамнотежа и.т.н.

• Психолошки промени – пациентот ќе развие проблеми во однесувањето и ќе се здобие со ментални нарушувања, со што се зголемува товарот за грижата кон нив. Подоцна ќе се развие и социјално несоодветно однесување како што се илузии, раздразливост-агресија, депресија -дисфорија и промени во апетитот-начинот кон навиките во исхраната. На семејството и оние кои се грижат за пациентот особено е тешко да се справат со промените во однесувањето и често тоа е причината за да се пренесе пациентот во установа.


Kako-prepoznati-Alchajmerovu-bolest-300x28110 знаци за рано предупредување:

1 Заборавеност која го нарушува секојдневниот живот.

2 Намалена способност на планирање и решавање на проблеми.

3 Потешкотии во вршењето на познати задачи.

4 Дезориентација во време и простор.

5 Проблеми со апстрактно мислење.

6 Проблеми во пронаоѓање на соодветни зборови.

7 Губење на работите.

8 Намалено или слабо расудување.

9 Повлекување од друштвени активности.

10 Промена во расположението и промена на личноста.

Test-alchajmerova-bolestСтатистика

Низ светот од деменција боледуваат 36 милиони луѓе ( m2 ). Од оваа болест допрва 28 милиони луѓе ќе бидат дијагностицирани, што значи дека тие имаат пристап до третман, информации и лечење ( m2 ). Се проценува дека секоја година 4,6 милиони луѓе се идентификувани како нови случаеви ( m3 ). Со промена кон постарата популација се предвидува дека бројот на луѓето погодени од деменција секои 20 години ќе биде речиси двојно зголемен и до 2050 година од оваа болеста ќе страдаат 115 милиони луѓе ( m2 ).

Алцхајмеровата болест е најчеста причина за деменција, вклучувајќи од 50% до 70% од случаевите.

Трошоците за деменција во светот (604 милјарди долари во 2010 година ) претставуваат повеќе од 1% од бруто домашниот производ (БДП) ( m2 ).

Snimci-zdravog-i-obolelog-mozgaДијагноза и третман

Луѓе кои се загрижени дека тие или нивните роднини имаат симптоми на алцхајмерова болест, треба да го посетат нивниот лекар и да побараат помош и совет. Алцхајмерова болест се дијагностицира преку интервјуа со пациенти и старателите, понекогаш тестови на крвта и мозокот. Постојат голем број на нивоа на проценка која може да се користи за идентификување на симптомите и тежината на болеста. Постои терапија која помага за ублажување на симптомите на алцхајмеровата болест. Сепак лек за оваа мозочна болест, за жал сеуште не е пронајдена.