Ѕвездите ви кажуваат каде да ја пронајдете љубовта

 

boracay_white_beach_fun_2084За некој идеално место се клубовите, за други концертите, а некои дами имаат среќа секогаш да запознаат некој интересен дечко во кино. За да пронајдете партнер, ви откриваме според особините на хороскопскиот знак, каде можете да очекувате дека ќе ја сретнете љубовта на животот.

Oven

ОВЕН (21 март – 20 април)

Некоја посебена личност, можете да запознаете на уметнички курс или во некоја танчерска група. Во секој сличај пред да пронајдете партнер добро би ви дошло и мала доза на култура. Ако сте повеќе спортски тип, пробајте со трчање во парк или запишете се во теретана.

Идеално место: концерт на отворено, музеј или кино.

Bik

БИК (21 април – 20 мај)

Најдобар начин за да запонзаете некој или да привлечете нечие внимание треба малку да се „фолирате“. Покажете ги вашите атрибути. Ако сакате да го уловите бикот пробајте со реченицата: “Ќе ти направам вечера, доколку ми ветиш дека ти ќе го направиш доручекот”.

Идеално место: продавница.

Bliznaci

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Близнаците немаат проблем во пронаоѓање на пријатели, ама кога станува збор за партнер тоа е веќе друга приказна. За да најдете партнер одете што почесто на прошетка. Кога ќе се дистанцирате од познатата околина, лесно ќе стапите во комуникација.

Идеално место: парк, прошетка околу река, шума.

Rak

РАК (21 јуни – 22 јули)

Ако повеќето време го поминувате дома, мали се шансите за да запознаете партнер, ама затоа направете вечера и замолете го пријателот со себе да донесе некоја роднина или пријател.

Идеално место: вашиот дом, супер маркет (каде што ги купувате намирниците за домашна забава).

Lav

ЛАВ (23 јули – 22 август)

Добар начин за да станете поприступачни е да се приклучите на волонтерска организација. Ќе изгледате нетолку замислени доколку работите во добротворни цели. Лавовите често делуваат премногу над светот, па потребно е да се појавите во опкружување.

Идеално место: било каква организација, клуб на читатели, поетска секција.

Devica

ДЕВИЦА (23 август – 22 септември)

Под тоа, совршено испланирано и пресметано лице се крие права роматична особа. Немојте да се плашите да ја покажете таа ваша страна. Исто така, духовно ориентирани собири и духовни семинари може да се покаже како полн погодок за лов на девица.

Идеално место: изложба на фотографии, танц.

Vaga

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Сакате ексклузивни, софистицирани, едноставно сакате убави места, а за да најдете некој кој исто така, ги сака убавите места изберете интересно место. Ако сте спортски тип, добар избор е рафтинг патување.

Идеално место: спа центар, дегустација на вино.

Shkorpija

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)

Страсен партнер можете да најдете во бар. Движете се и по спа центри, таму ќе запознаете особа која ќе знае да ви удоволи на сите ваши сензуални потреби.

Идеално место: вински бар, концерт во фоајето на хотелот.

Strelec

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Тешко пронаоѓате партнер, бидејќи едноставно неможете да седите на исто место подолго од 1 секунда. Единствена можност е да се запишете на некој курс кој ќе ве присили да бидете одредено време на исто место.

Идеално место: интернет.

Jarec

ЈАРЕЦ (22 декември – 19 јануари)

Кога се занимавате со тешка работа, тогаш сте најопуштени, лесно комуницирате и помалку внимание обратувате на карактерните ситници.

Идеално место: работилница “сам свој мајстор”.

Vodolija

ВОДОЛИЈА (20 јануари – 18 фебруари)

Иако никаков проблем немате за започнување на пијателство, но вистинскки предизвик ви е да најдете партнер. Привлечни сте кога ја покажувате својата креативна страна. Да се приклучите на аматерска актерска група може да ви користи во љубовниот живот.

Идеално место: курс по сликање, пеење во хор.

Ribi

РИБА (19 фебруари – 20 март)

Спаѓате во групата на луѓе кои се склони на романтика и на работа, и на плажа… било каде. За вас само потребно е да одличите да го пуштите партнерот во својот живот.

Идеално место: зајди сонце.

Your Turn To Talk

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.